Паркот „Патрик“ доби фитнес зона: Сред жолти треви и прашини не се вежба


Пет фитнесзони се планирани на територија на Општина Аеродром, а прв таква зона доби паркот „Патрик“. 
– Продолжуваме да создаваме повеќе места за спорт, рекреација и активен живот! Поставена е првата од вкупно пет нови фитнес зони планирани за оваа година, во паркот „Патрик“. Во следниот период продолжуваме со поставување фитнес зони и во Острово, Ново Лисиче, Тодор Чангов и Долно Лисиче“, порачаа од Општина Аеродром.
 
Но, од фотографиите во прилог, се гледа дека околу партерот на игралиштето тревата е пожолтена, впрочем како и во поголемиот дел на општината, а газењето по таква површина крева прашина во воздухот.  Кога некој ќе почне да вежба на овие справи поставени надвор, место чист и свеж воздух – ќе се надише прашина.  
 
За ваква зона нормална глетка би била околу партерот тревата да биде зелена и ниско поткосена.(Б.Б.)