Во вторник прскање од земја против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 18.08.2026 година (вторник), во текот на денот ќе изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје.
 
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
 
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.