Повеќе краци на „Тодор Чангов“ во Лисиче ќе добијат нов асфалт


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во стартот на градежните активности за реконструкција на краци од улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче.

Во рамките на проектот се врши целосно отстранување на дотраениот и оштетен асфалт, замена на постојниот тампон со нов, по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој.

Реконструкцијата е дел од проектите што ги реализира Општина Аеродром во рамките на вториот јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти. Преку обезбедените средства, Општината продолжува со реализација на значајни капитални инвестиции насочени кон модернизација на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Во текот на летниот период, Општина Аеродром ќе реализира голем број инфраструктурни проекти на повеќе локации. Во фокусот се реконструкција и санација на улици, уредување на јавниот простор, подобрување на комуналната инфраструктура и реализација на нови капитални инвестиции, со цел создавање помодерна, пофункционална и поуредена општина.