Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа


Велосипедска тура околу Охридското Езеро ќе се одржи денеска по повод Денот на Европа, а воедно ќе се промовира одржлива мобилност, еколошка свест, здрав начин на живот и граѓанско учество, соопшпти Делегацијата на ЕУ во земјава. Оваа прекугранична велосипедска тура е заедничка активност на делегациите на Европската Унија во Северна Македонија и во Албанија и […]

СДСМ ќе ја промовира „Скопската иницијатива“ на меѓународна конференција


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе биде домаќин на меѓународна конференција на која ќе биде промовирана „Скопската иницијатива“, заедничка активност за поврзување на прогресивните и социјалдемократските партии од регионот и Европа. Како што информираат од СДСМ,  иницијативата ја покренал претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со цел заедничко дејствување на прогресивните сили во борбата против авторитарните трендови, […]

Во Висконсин, Трамп вети брз крај на војната со Иран и пад на цените на горивата


Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера вети дека брзо ќе ја заврши војната со Иран и ќе отстрани една од причините за високите цени, за време на предизборниот митинг во руралниот централен Висконсин, додека се обидува да им помогне на републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот на среднорочните избори. Посетата на Чипева Фолс ја […]

Детски фестивал „Киселко“ во Кисела Вода


Во организација на Општина Кисела Вода денеска ќе се одржи првото издание на детскиот фестивал „Киселко“, настан кој има за цел да стане нова културна традиција и платформа за промоција на младите таленти. Фестивалот ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“ со почеток во 13 часот, а публиката ќе има можност премиерно да […]

Пијанистката Горјана Стојановска со солистички концерт во Истанбул


Во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, вечер ќе се одржи солистички концерт на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе биде изведен во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, со почеток во 19:30 часот. Пред истанбулската публика Стојановска ќе се претстави со програма составена од дела на Морис Равел, Јоханес Брамс, Петар Илич […]

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до […]

Маѓар најави ревизија на инвестициите во железницата Будимпешта-Белград


Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави ревизија на инвестициите во железницата Будимпешта-Белград. Како што изјави во објава на Фејсбук, унгарската влада вчера донесе „многу исклучително важни одлуки“, од кои една е преглед на инвестициите во железницата Будимпешта-Белград, објави денес белградската телевизија Н1. Унгарскиот министер за транспорт и инвестиции, Давид Витези, пред неколку дена изјави дека се […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје: Дел од центарот ќе биде затворен во сабота


Граѓаните кои утре планираат да се движат низ централното градско подрачје треба да сметаат на привремени ограничувања и пренасочување на сообраќајот поради одржување на ревијална трка во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во сабота, 6 јуни, во периодот од 17 до 18 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со цел […]

Путин до Зеленски: Нема мировни преговори – и не ме нарекувајте стар


  Владимир Путин го отфрли повикот на Володимир Зеленски да се сретне со него на разговори, критикувајќи ги манирите на украинскиот претседател. „Погледнав во [едно писмо]. Авторот на ова писмо ги споменува моите години. Некои од [светските лидери] се постари од мене. Најважно е дали можете правилно да си ја работите работата“, рече рускиот лидер […]

Мерц: Србија мора да избере помеѓу Европската Унија, Русија и Кина


  Во петокот, на крајот од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, европските лидери ја потврдија својата посветеност на проширувањето на ЕУ и ѝ порачаа на Србија дека нејзиниот напредок кон членство зависи од спроведувањето на реформите и усогласувањето со европската надворешна политика, односно дека Белград мора да избере помеѓу Европа, Русија и Кина. На денешниот […]

Протест против фемицидот во Битола


  Вечерва во 18 часот пред Општина Битола започна мирен меморијален собир посветен на последната жртва на фемицид, 31-годишната А.В. Таа беше беше убиена од својот сопруг во месноста Баир во Битола. Овој собир е во организација на граѓани од ромската заедница, поддржани масовно од сите битолчани. Со овој собир масовно се осудува семејното насилство […]

Јубилејно „Охрид трчаТ“ со рекордни 2.700 учесници од повеќе од 30 држави


Охрид од денес до 7 јуни е домаќин на јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, најмасовната спортска манифестација во градот, која годинава обединува над 2.700 учесници од повеќе од 30 држави. На денешната прес-конференција организаторите порачаа дека „Охрид трчаТ“ одамна ја надминал рамката на обичен спортски настан и прераснал во платформа за промоција […]

Рама фрустриран: „Да не беше Џаред, немаше да им е гајле.“


ТИВАТ, Црна Гора — Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли растечките протести против планираниот луксузен ресорт како политички набиена кампања поттикната од критичарите на американскиот претседател Доналд Трамп, инсистирајќи дека проектот не претставува ризик за фламингата и другиот див свет. Албанците излегоа на улиците во последните денови за да протестираат против плановите на зетот на […]

ЕК бара од Бугарија да го смени рамниот данок бидејќи е „неправеден“


Европската комисија го опиша рамниот данок на Бугарија како „неправеден“ и препорача да се направат измени во нивниот даночен систем. Препораката е дел од извештајот од Брисел оваа недела, по што стана јасно дека Комисијата има намера да покрене постапка за прекумерен дефицит против Бугарија. Се нагласува дека рамниот данок од 10% на доход, без […]

Кошта: Одбројуваме до следното проширување на ЕУ


Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, објави дека Црна Гора денес ја приближува Европа до регионот и дека ова е моќна порака. „Покажавме голема зрелост и испративме порака дека Црна Гора е дел од Европа. Самитот покажа дека политиката на проширување е важна и дека е стратешка инвестиција. Европскиот пат на Црна Гора имаше различни […]

Мерц до Западен Балкан: Целта е и останува полноправното членство


Европската Унија им сигнализирала на шесте држави од Западен Балкан дека треба да станат нејзини членки, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по завршувањето на самитот ЕУ–Западен Балкан во црногорскиот град Тиват. „Јасната порака на денешниот ден е и ќе остане: Ве сакаме! И сакаме овој регион, овие држави од регионот, наскоро да станат членки на Европската Унија”, […]

СП2026: Иранските фудбалери сè уште без американски визи


Иранските фудбалски репрезентативци, кои сè уште чекаат американски визи за Светското првенство, ги предадоа своите пасоши во Амбасадата на САД во Турција, објави денеска челникот на Иранската фудбалска федерација. Претстојното Светско првенство ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, но САД, каде што Иран треба да игра три натпревари од групната фаза, сè уште […]

И Хрватска има услови за Црна Гора пред приемот во ЕУ


Црна Гора има постигнато најголем напредок во процесот на европските интеграции меѓу државите од регионот, но официјален Загреб очекува конкретен напредок и решавање на отворените билатерални прашања, порача денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес-конференција во рамките на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. Пленковиќ нагласи дека Хрватска има сосема јасни очекувања кои претходно […]

Како од бајка: На раб на депресија, не можеше да си дозволи хотел, а сега е во финалето на Ролан Гарос


Маја Чвалинска (24) стана првата жена во историјата на Ролан Гарос што стигна до финалето на турнирот од квалификациите. Кога утре ќе излезе на централниот терен против импозантната Мира Андреева, неверојатната полска тенисерка, тоа ќе биде нејзин десетти натпревар на овогодинешниот Ролан Гарос. Таа игра во Париз речиси три недели; од 18 мај, кога го […]

Петмина азербејџански морнари загинаа во напад врз два товарни брода во Азовското Море


Петмина азербејџански државјани загинаа, а тројца се повредени во напад врз два товарни брода во Азовското Море, соопшти Министерството за надворешни работи на Азербејџан. Одговарајќи на прашање за пловните објекти погодени во Таганрошкиот Залив, Министерството наведе дека екипажите биле составени од вкупно 25 азербејџански државјани, но дека бродовите не биле во сопственост на Азербејџан. Претходно […]