Детски фестивал „Киселко“ во Кисела Вода


Во организација на Општина Кисела Вода денеска ќе се одржи првото издание на детскиот фестивал „Киселко“, настан кој има за цел да стане нова културна традиција и платформа за промоција на младите таленти.

Фестивалот ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“ со почеток во 13 часот, а публиката ќе има можност премиерно да слушне 13 детски песни.

Од Општина Кисела Вода истакнуваат дека фестивалот претставува значаен чекор во збогатувањето на културниот живот во општината, со посебен акцент на поддршката на најмладите и развојот на нивните креативни способности. Притоа, додаваат дека сите овие песни се целосно бесплатни за учесниците.

Фестивалот се реализира во партнерство со „Стробери Груп“, продукција специјализирана за детски и младински телевизиски проекти и настани.