Отворено првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, достапно е преку „Мој термин“


Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките […]

Јамал прв Шпанец прогласен за играч на сезоната во Ла Лига


Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за најдобар играч во шпанската лига за сезоната 2025/26. Осумнаесетгодишниот Јамал стана првиот Шпанец кој ја освоил наградата.  Наградата за играч на годината во Ла Лига се доделува од 2009 година. Лионел Меси ја освоил наградата девет пати, Карим Бензема двапати, а Кристијано Роналдо, Антоан Гризман, Јан Облак, […]

Планот на Мерц и на Макрон и проширувањето на ЕУ се два паралелни процеси, вели Мицкоски


Во овие две години откако сум претседател на Владата пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни а тоа е дека процесот на проширување не е завршен. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а […]

Мицкоски за изјавата на Радев: Зборува за човекови права, а на бирото има 14 пресуди од Старзбур


Премиерот Христијан Мицкоски денеска го обвини бугарскиот колега Румен Радев за непринципиелност, коментирајќи ја неговата изјава на маргините на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, дека проширувањето во ЕУ треба да се случува врз принципот на сопствените достигнувања, односно длабоки реформи во сферата на правосудството, владеењето на правото, човековите права и изградбата на добрососедски […]

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата


Енергетската сигурност, забрзаната зелена транзиција и регионалното поврзување беа во фокусот на обраќањето на заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ на XXIII Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција и европски прашања (КОСАП), што се одржа во Струга. Обраќајќи се пред претставници на институции и парламентарни тела од земјите од Југоисточна Европа, […]

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици


Годинашното полагање на државната матура, државната стручна матура и државната уметничка матура започна без проблеми и се одвива во најдобар ред, оцени министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се реализира полагањето на матурските испити. Јаневска информираше дека годинава […]

Секој трет албански граѓанин не може да си дозволи еднонеделен одмор, да плати кирија или сметки


Околу 35 отсто од албанските граѓани или секој трет не можат да си дозволат основни трошоци како што се наем, сметки за комунални услуги, еднонеделен одмор далеку од дома или купување нова облека. Податоците на Евростат покажуваат дека Албанија останува меѓу земјите со највисоко ниво на материјална и социјална немоќ во Европа. Неможноста да се […]

Филипче повика на обединување на прогресивните сили за да се победи „црната коалиција“ на Балканот


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики. Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните […]

Отворен 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Сè додека има сцена, публика, приказни, театарот ќе опстане


Достоинствена и емотивна вечер сведочеше синоќа публиката во гледалиштето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и целата македонска нација преку директниот пренос на МТВ1, на свеченото отворање на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Вечерта беше во знакот на паметењето и колку е тоа важно за секоја култура. Во таа чест беше и […]

Отворен повикот за научни трудови за ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026


Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026. По успешното минатогодишно издание, годинава се очекува уште посилно учество на претставници од академската заедница, рударската индустрија, институциите, регулаторната јавност и креаторите на политики од земјава како […]

(Видео) Воведни обраќања, „Скопската иницијатива“


  Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска е биде домаќин на меѓународна конференција на која ќе биде промовирана „Скопската иницијатива“, заедничка активност за поврзување на прогресивните и социјалдемократските партии од регионот и Европа. Настанот започнува во 10:00 часот, со воведни обраќања, меѓу кои и на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Даша Шашиќ Шиловиќ од Корчуланската […]

Нападнат турски брод во Црно Море, еден морнар загинал, а четворица се повредни


Турската крајбрежна стража соопшти дека вчера во близина на северниот брег на Црно Море нападнат е еден турски брод, при што еден морнар загинал, а четворица се повредни. Бродот „Дуру 67“ нападнат е западно од Севастопол на Крим. Сè уште никој не презел одговорност за нападот.

Силјановска Давкова: Шест децении театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност


Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.   Претседателката Силјаноска Давкова која е покровител на Фестивалот  рече дека […]

Израелската армија уби седуммесечно бебе во Западен Брег


Седуммесечно бебе загина, а неговите родители се повредени откако израелската армија синоќа отворила оган врз нивното возило на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израелските војници отвориле оган јужно од градот Хеброн, тврдејќи дека возилото со зголемена брзина се движело кон нив. Семејството патувало од Витлеем до Хеброн. Израелската армија соопшти дека започнала […]

Откриени детали за убиството на актерот од Топ Ган и Џуманџи


Обвинителството  во САД вчера поднесе обвинение за убиство против уапсениот во врска со фаталното прободување со нож на холивудскиот актер ветеран Џејмс Хенди, познато лице во десетици филмови и телевизиски серии веќе половина век, чија партнерка е мајка на осомничениот. Доколку биде прогласен за виновен, на Мајкл Гледхил (44), кој беше уапсен како осомничен во […]

Нов Зеланд купува американски хеликоптери „Сихок“


Американскиот Стејт департмент одобрија продажба на поморски хеликоптери „Сихок“ на Нов Зеланд во вредност од 1,5 милијарди долари. – Предложената продажба ќе ја зголеми способноста на Нов Зеланд да одговори на сегашните и идните закани и да обезбеди поголема заштита на критичната инфраструктура, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Нов Зеланд, сојузник на Австралија […]

Лајка-Фест во Градски парк


ЈП Лајка денеска и утре организира дводневен едукативно-забавен настан Лајка-Фест во Градски парк – Скопје, посветен на вдомување, одговорно сопствеништво, едукација и заедништво помеѓу граѓаните и животните. Како што информираат од ЈП Лајка, во рамки на фестивалот присутните ќе имаат можност да уживаат во зона за вдомување и привремено згрижување, едукативна зона за одговорно сопствеништво, […]

Брансон ги собори Сан Антонио Спарс во последните секунди. Њујорк Никс водат со 2:0 во финалето на НБА


Големото финале на НБА во 2026 година е во полн ек, а Њујорк Никс поведоа со 2:0 против Сан Антонио Спарс во борбата за трофејот на Лари О’Брајан. Со победа од 105:95 во првиот натпревар, Никс веднаш ја одзедоа предноста на домашниот терен, а потоа во драматичниот крај на вториот натпревар славеа со 105:104. Тимот […]

Во организација на ДКЦ ќе се одржи Фестивал за класичен балет и модерен танц


Во организација  Детски културен центар – Карпош во Македонски народен театар од денеска до 9 јуни ќе се одржи Фестивалот за класичен балет и модерен танц. Ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што […]

Над 14.500 матуранти денеска ќе го полагаат првиот екстерен испит – странски јазик, математика или историја


Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите.  Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат […]