Протест против фемицидот во Битола
Вечерва во 18 часот пред Општина Битола започна мирен меморијален собир посветен на последната жртва на фемицид, 31-годишната А.В. Таа беше беше убиена од својот сопруг во месноста Баир во Битола.
Овој собир е во организација на граѓани од ромската заедница, поддржани масовно од сите битолчани. Со овој собир масовно се осудува семејното насилство и убиствата на жени. Секоја насилна смрт на жена, е насилна смрт на цело едно , порачаа присутните на протестот.