Посебен сообраќаен режим во Скопје: Дел од центарот ќе биде затворен во сабота


Фото: Б. Богдановска

Граѓаните кои утре планираат да се движат низ централното градско подрачје треба да сметаат на привремени ограничувања и пренасочување на сообраќајот поради одржување на ревијална трка во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во сабота, 6 јуни, во периодот од 17 до 18 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со цел безбедно одвивање на спортскиот настан.

Трасата на трката ќе започне кај Порта „Македонија“, а учесниците ќе се движат по улиците „Димитрие Чуповски“ и „Васил Главинов“, потоа по булеварот „ВМРО“, по што ќе продолжат по булеварот „Илинден“ до Градскиот парк, во близина на споменикот на Гоце Делчев.

За време на настанот, дел од сообраќајниците долж трасата ќе бидат затворени или со ограничено движење, а возилата ќе бидат пренасочувани по алтернативни правци.

Надлежните апелираат до возачите да бидат трпеливи, да ги почитуваат времените сообраќајни измени и да ги следат насоките на полициските службеници кои ќе бидат распоредени на терен.

Од МВР препорачуваат граѓаните навреме да ги планираат своите патувања низ центарот на Скопје и, доколку е можно, да користат алтернативни рути за да избегнат дополнителни застои и метеж.