Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ премиерно прикажан на фестивалот „Трајбека“ во Њујорк


Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума синоќа ја имаше својата американска премиера на филмскиот фестивал „Трајбека“ во Њујорк. Ова е прво македонско кинематографско остварување што е дел од програмата на овој фестивал. Како што соопштуваат од ПР тимот на филмот, проекцијата се одржала пред преполна сала на Менхетен, во […]

Астронаутите се подготвуваат за итна евакуација: Протекува воздух од Меѓународната вселенска станица


На астронаутите на Меѓународната вселенска станица им е наредено да се подготват за можна евакуација поради протекување на воздух, објави НАСА. Протекувањето се случува на рускиот дел од станицата, додаде НАСА. На екипажот, кој се состои од двајца американски астронаути, еден француски астронаут и еден руски космонаут, им е кажано засега да се засолнат во […]

5 јуни во историјата – Застрелан е Роберт Кенеди


  Нешто по полноќ на 5 јуни 1968 година, американскиот сенатор Роберт Кенеди беше застрелан во хотелот „Амбасадор“ во Лос Анџелес, откако победи на претседателските прелиминарни избори во Калифорнија. Веднаш откако тој им објави на своите воодушевени поддржувачи дека земјата е подготвена да стави крај на нејзините трауматични поделби, Кенеди беше застрелан неколку пати од […]

Македонски студенти по архитектура учесници на реномираниот натпревар Saint-Gobain Architecture Student Contest 2026


Креативност, урбана визија и одржливи решенија за градовите на иднината – ова се елементите што ги дефинираа проектите на 21-то издание на Меѓународниот студентски архитектонски натпревар организиран од компанијата Saint-Gobain кој ќе се одржи во Белград 23-25 јуни, 2026. Повеќе од две децении, натпреварот стана еден од најважните меѓународни настани посветени на идните архитекти, инженери […]

Рудник Саса го одбележа Светскиот ден на животната средина со иницијатива за биодиверзитет и климатска акција


Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина (World Environment Day 2026), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay), насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и […]

Скопје за две години ќе го реши проблемот со бездомните кучиња


Проблемот со бездомните кучиња во Скопје не може да се реши преку ноќ, но со новата стратегија, за година и пол до две граѓаните веќе ќе треба да ја заборават оваа тема, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие „Лајка“ Војислав Димитровски пред отворањето на тридневниот „Лајка фест“.   Во рамки на настанот, во просториите на […]

Америка ѝ се закани на Европа поради Босна и Херцеговина


  Администрацијата на САД ги обвини европските земји дека се одговорни за фактот што сè уште не е избран нов висок претставник за Босна и Херцеговина, истовремено предупредувајќи дека ќе ги преиспита своите постапки во земјата како резултат на тоа. Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот во Босна и Херцеговина не успеа да […]

Јапонската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје


Делегација на Амбасадата на Јапонија во Скопје, предводена од Н.Е. амбасадорката Сецуко Кавахара, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, во чии рамки беа претставени работењето на компанијата, нејзините финансиски резултати и клучните стратешки насоки, со акцент врз извозниот развој, инвестициите и одржливиот раст. Речиси петдецениската традиција на соработка со јапонски компании, започната со „Фуџи“, […]

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник


Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот. Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и […]

Следната недела ќе се заловуваат кучиња скитници низ Аеродром


  Наредната недела тимовите на ЈП „Лајка“ ќе спроведат стратешки теренски активности за заловување и третман на нетретирани бездомни кучиња на повеќе локации во Општина Аеродром. Активностите ќе се реализираат во Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. Од претпријатието апелираат до […]

Спие или не спие: Остра дебата во САД по уште една „дремка“ на Трамп во Белата куќа


  Вирално видео кое се чини дека го прикажува Доналд Трамп како седи со затворени очи и дреме, предизвика жесток одговор од Белата куќа на социјалните мрежи, објавува „Дејли бист“. За време на настанот во Овалната соба за промоција на јаглен, видеата на 79-годишниот претседател кои се чини дека дреме станаа вирални на социјалните мрежи. […]

Рокас: Германско – францускиот нон пејпер е обид за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан


Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека се уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско – францускиот нон пејпер кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, а со кој  -Разговорите во Тиват сеуште течат и сеуште неможам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. […]

ЕУ даде зелено светло за првата фаза од преговорите за Украина и Молдавија


Земјите членки на Европската Унија дадоа зелено светло за официјално отворање на првото поглавје од пристапните преговори со Украина и со Молдавија, соопшти украинската премиерка Јулија Свириденко. Свириденко преку порака на социјалната мрежа Икс ја поздрави оваа одлука, оценувајќи ја како одлична вест со која двете земји значително се приближуваат до полноправно членство во Унијата. […]

Мерц смета дека ЕУ направила грешка што 13 години не примила нова членка


 Европската Унија мора јасно да покаже дека има политичка волја и дека е подготвена за проширувањето, кое веќе со години доцни, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц на Самитот ЕУ – Западен Балкан во црногорскиот град Тиват. Мерц информираше дека за следните конкретни чекори за влез на земјите од Западен Балкан во Унијата веќе разговарал […]

Кошта најавува можно „кастрење“ на шансите за вета


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја поддржа идејата за поедноставување на правилата за прием на нови членки во Европската Унија, велејќи дека блокот мора да го забрза процесот на проширување за да им покаже на своите партнери од Западен Балкан дека е сериозен во врска со претворањето на нивните европски амбиции во реалност. Во […]

Рама до лидерите на ЕУ: Имате нов „Хелмут Кол момент“


Премиерот на Албанија Еди Рама, на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, рече дека земјите од Западан Балкан треба да бидат дел од „масата“ на ЕУ, и дека секој кој испорачал во реформите, да стане полноправен член. „Имате нов „Хелмут Кол“ момент. Големиот лидер на Германија по падот на Берлинскиот ѕид не им рече на Источните […]

На рочиштето за „Пулс“ презентирани видеа со времето на пристигнување на полицајците пред дискотеката


Видеозаписи, од кои се нотираат времето на пристигнување на полициските службеници пред дискотеката „Пулс“ и на активацијата на пиротехниката, беа изведени денеска во материјалните докази од Обвинителството во рамките на судскиот процес во Основниот кривичен суд Скопје против 13 полициски службеници. Судењето продолжува на 8 јули со сослушување сведоци предложени од Обвинителството. Пред судот денеска […]

Откако Николоски го „умре“, Мицкоски вели: Процесот на проширување е жив!


  Откако вицепремиерот Александар Николоски, еден ден пред доаѓањето на Антонио Кошта во Скопје,  порача дека ЕУ нѐ лаже дека ќе има проширување, премиерот Христијан Мицкоски денес од Тиват, по средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц утврди дека – процесот бил жив, а не умрен. Тој порача дека е исклучително задоволен од средбата што  ја […]

Музиката, винилот и врвниот звук на едно место: Утре во Diamond Mall се одржува Интернационалниот саем на музика, винил и аудиоопрема


Утре, на 6 јуни, во Diamond Mall, љубителите на музиката, колекционерите на винилни изданија, аудиофилите и сите кои сакаат да ја почувствуваат магијата на аналогниот звук ќе имаат единствена можност да бидат дел од Интернационалниот саем на музика, винил и аудио опрема, настан кој на едно место ги обединува музичката култура, колекционерството, издаваштвото и најсовремената […]

Вучиќ се гушкаше со Радев во Црна Гора


Српскиот претседател Александар Вучиќ лично сподели фотографии од средбата со бугарскиот премиер Румен Радев. На нив се гледа како двајцата се прегрнуваат пред разговорот на Форумот за Западен Балкан во Тиват, Црна Гора. „На неформалната вечера во Котор, разговарав со бугарскиот премиер Румен Радев, во пресрет на утрешниот самит меѓу лидерите на Европската Унија и […]