Мерц смета дека ЕУ направила грешка што 13 години не примила нова членка


 Европската Унија мора јасно да покаже дека има политичка волја и дека е подготвена за проширувањето, кое веќе со години доцни, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц на Самитот ЕУ – Западен Балкан во црногорскиот град Тиват.

Мерц информираше дека за следните конкретни чекори за влез на земјите од Западен Балкан во Унијата веќе разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон. Според германскиот канцелар, овој дел од Европа во перспективна смисла е неодвоив дел од ЕУ.

Тој упати и самокритика до Брисел, нагласувајќи дека фактот што Унијата цели 13 години нема примено ниту една нова земја-членка е јасен показател дека самата Европска Унија направила одредени сопствени грешки во процесот на управување со проширувањето