Две фирми во трка за тендерот од 6,4 милиони евра: Увозник на возила и механичарски дуќан се пријавија за 100 амбулантни возила


Само две компании поднеле понуди на тендерот на Министерството за здравство за набавка на 100 амбулантни возила, пишува „360 степени“. Станува збор за јавна набавка со проценета вредност од над 6,3 милиони евра, која уште од самиот почеток предизвика реакции во јавноста и сомнежи дека условите се поставени така што ја ограничуваат конкуренцијата. Според информациите […]

Двете книги со драми од Дејан Дуковски во издание на „Арс Ламина“ премиерно на фестивалот „Војдан Чернодрински“


Во рамките на фестивалот „Војдан Чернодрински“, в недела (на 7 јуни), во 18 часот ќе се одржи промоција на двете книги со драми во издание на „Арс Ламина“, на еден од најзначајните македонски драмски автори – Дејан Дуковски. На настанот што ќе се одржи во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, покрај Дуковски ќе […]

Кој загина во падот на авионот кај Пула? Меѓу жртвите и австриски бизнисмен


Меѓу четирите жртви на несреќата е претприемачот од Источен Тирол, Валтер Пондорфер, како што потврди неговата компанија за австрискиот весник „Кроне“. 65-годишникот се сметаше за еден од најпознатите пионери на забавните паркови во Австрија и стекна меѓународен углед со својата компанија Funtime. Пондорфер ја основа компанијата на почетокот на 1990-тите и разви спектакуларни адреналински возења […]

Угостителските услуги во мај на годишно ниво поскапи за 2,6 отсто


Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 2.6 %. Во споредба со претходнио месец, пак, цените се повисоки за 0.1 %, објави Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2026 година во однос на истиот период од минатата година се […]

Милошоски контра Николоски: Црна Гора ќе стане членка на ЕУ до 2030


  Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, мисли поинаку од вицепремиерот Александар Николоски. Николоски пред некој ден во поткаст изјави дека ЕУ го лаже регионот 13 години и веројатно никој нема да стане дел од блокот, додека Милошоски мисли дека Црна Гора ќе биде таа што ќе се приклучи до 2030. „Од тоа што го имаме […]

На македонската економија ѝ требаат знаење, вештини и иновации, не само дипломи


Долго време во високото образование меревме успех со бројот на запишани студенти, со бројот на факултети и со бројот на издадени дипломи, но денес мора искрено да признаеме – на економијата не ѝ треба само диплома. Ѝ треба знаење, вештини, иновации и носечки кадар. Не смееме повеќе да „штанцаме“ програми што не се тесно поврзани […]

САД инвестираат 700 милиони долари во јагленот и најавија изградба на нови термоелектрани


Соединетите Американски Држави најавија значителна промена во својата енергетска стратегија, планирајќи инвестиции од стотици милиони долари за обнова на индустријата за јаглен, вклучувајќи и изградба на нови енергетски капацитети, кои би биле први такви проекти во земјата по повеќе од една деценија. Американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба потврди дека за оживување на овој […]

Европските компании масовно ја напуштаат Куба поради новите американски санкции


Голем дел од компаниите со седиште во Европската Унија кои имаат деловни активности на Куба забрзано си заминуваат од оваа карипска држава поради новите, поостри санкции од САД што стапија во сила денеска, пренесува бриселскиот портал „Политико“. Според медиумот, европските фирми кои ќе одлучат да останат на островот се соочуваат со висок ризик од замрзнување […]

Петрушевски тврди дека митото од 1.800 евра било само прва од неколку исплати


Откако јавноста почна да се чуди зошто требаше да го спроведат со лисици и да му изречат мерка притвор на екс директорот на Царинска управа Стефан Богоевски за 1.800 евра мито, а да нема притвор за осомничените во скандалот со стотици милиони евра во случајот „Мазут“, од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со други толкувања. Според Бране Петрушевски, […]

Од заштитен парк до игралиште на Трамп: Како Албанија го приватизира своето крајбрежје?


Постои нешто длабоко откривачко во аргументот што се повторува секој пат кога друго заштитено подрачје во Албанија се предава на инвеститори во луксузни недвижности: „Албанците никогаш не отат таму“. Некои го кажаа тоа за островот Сазан кога албанската влада даде прелиминарно одобрение за Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, да ја трансформира областа во луксузно […]

Во седум општини ќе се зајакнуваат комуналните претпријатија во следните пет години


 Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, заедно со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер, денеска се обратија на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“. На настанот присуствуваа претставници на општините и јавните комунални претпријатија – корисници на проектот, државни институции, меѓународни организации, донатори и […]

Летото никако да дојде – и следните денови ред дожд, ред грмотевици


Летото на северната полутопка почнува на 21 јуни, а иако сме на само две седмици од официјалниот старт, сепак, временската прогноза покажува дека тоа се двоуми да дојде.    Така, времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со […]

Го сака Макрон, не го сака францускиот предлог


  Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват каде цврсто се држи за рака со францускиот лидер Емануел Макрон. „Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција […]

Макрон: Сите се на страната на Црна Гора. Таа е пред целта


  Делегациите на земјите учеснички пристигнуваат во Тиват, Црна Гора, каде што денес се одржува самитот на Европската унија – Западен Балкан. Пристигнувањето на делегациите се одвива според протоколот, пред почетокот на работниот дел од самитот. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека лидерите на Европската унија се во Тиват за да ја поддржат Црна Гора […]

Рокас како и Кошта: Уставните измени се услов за пат напред


  Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ја повтори изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека уставните измени треба да се усвојат за да може земјата да продолжи на европскиот пат. „Како што знаете, претседателот на Европскиот совет беше овде и тој даде изјава и беше доста јасен. Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 […]

Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ со највисоко општинско признание за освоеното второ место на FIRST LEGO League


Градоначалникот, Бобан Стефковски сподели дека денеска имал особена чест во Општина Гази Баба да ги прими учениците од ООУ „Дане Крапчев“, за кои вели дека испишале историја, освојувајќи го второто место во светот на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра. „Во конкуренција од 55 држави и повеќе од 1000 ученици од целиот свет, нашиот тим […]

Бутел поставува камери на детски игралишта за да спречи вандализам


Општина Бутел започнува со поставување на видео надзор на сите јавни површини, детски игралишта и спортско-рекреативни центри, со цел да се спречи натамошното уништување на урбаната опрема, информираше градоначалникот Дарко Костовски. Локалните власти се одлучија на овој чекор по зачестените појави на вандализам, каде новоизградените содржини за најмладите и за рекреативците редовно се на мета […]

Дали постои дил меѓу Мицкоски и „Пуцко петрол“ за случајот „Мазут“, прашува СДСМ


  СДСМ прашува дали има дил меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“, еден од осомничените во случајот „Мазут“. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството. „Како тоа се одредува притвор за недокажани […]

Наставник во Кичево натепал ученичка


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство врз дете” по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетничка-ученичка во истото школо која се здобила со телесни […]

Паника во Романија: Морнарички дрон експлодираше во цивилно пристаниште, во тек е итна евакуација


Силна експлозија одекна во романското цивилно пристаниште Констанца во петок наутро кога беше активиран морнарички дрон. Според првичните информации, во експлозијата немало жртви, а властите наредиле итна евакуација на пристаништето непосредно пред инцидентот. Романското Министерство за одбрана потврди дека станува збор за вид морнарички дрон кој активно се користи во војната во Украина, нагласувајќи дека […]