Летото никако да дојде – и следните денови ред дожд, ред грмотевици


Фото: Б. Грданоски
Летото на северната полутопка почнува на 21 јуни, а иако сме на само две седмици од официјалниот старт, сепак, временската прогноза покажува дека тоа се двоуми да дојде. 
 
Така, времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
 
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во следните денови следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, прогнозира УХМР.