Петрушевски тврди дека митото од 1.800 евра било само прва од неколку исплати
Откако јавноста почна да се чуди зошто требаше да го спроведат со лисици и да му изречат мерка притвор на екс директорот на Царинска управа Стефан Богоевски за 1.800 евра мито, а да нема притвор за осомничените во скандалот со стотици милиони евра во случајот „Мазут“, од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со други толкувања.
Според Бране Петрушевски, митото од 1.800 евра претставувало само прва од неколкуте исплати поврзани со тендер вреден 18 милиони денари. Петрушевски тврдеше дека, според информации добиени од свиркачи, комуникацијата за договорот била водена директно меѓу Богоев и Александар Спирковски – Џемо преку апликацијата Вибер.Sпоред него, Спирковски, кој ја застапувал фирмата што го добила тендерот за одржување на хигиена на граничните премини и терминали, договорил повеќе финансиски исплати за Богоев, при што една од наводните транши изнесувала над 110.000 денари.
„Јавноста заслужува да добие одговор колку пари требало да добие Стефан Богоев за да го намести овој тендер вреден 18 милиони денари“, изјави Петрушевски.
Во своето обраќање, тој упати критики и кон СДСМ, оценувајќи дека партијата е поврзана со, како што рече, криминал, афери, скандали, тендери и провизии.