ЕК бара од Бугарија да го смени рамниот данок бидејќи е „неправеден“
Европската комисија го опиша рамниот данок на Бугарија како „неправеден“ и препорача да се направат измени во нивниот даночен систем.
Препораката е дел од извештајот од Брисел оваа недела, по што стана јасно дека Комисијата има намера да покрене постапка за прекумерен дефицит против Бугарија.
Се нагласува дека рамниот данок од 10% на доход, без неоданочлив минимум, води до нееднаква распределба на даночниот товар – луѓето со пониски приходи носат релативно поголем товар од оние со повисоки приходи.
Документот, исто така, препорачува бугарската влада да преземе мерки против сивата економија. Слични проценки и упатства се дадени и од Меѓународниот монетарен фонд.