Рама се дистанцира од нападите на Украина, поддршката за мир “не е кеш машина за поврат“


Еди Рама го пречекува украинскиот претседател Володимир Зеленски

Албанскиот премиер Еди Рама се огради од хистеријата во Албанија околу пораката на украинскиот лидер дека нема да го признае Косово, бидејќи е јасно дека во овој момент повеќе му треба муницијата од Србија а и таквата одлука е контрапродуктивна за нејзината актуелна внатрешна ситуација со Донбас.

„Мојoт драг пријател Володимир Зеленски стоеше во Белград и рече дека Украина не го променила својот став и нема да го признае Косово. За еден час, најгласните народни националисти во Тирана и Приштина веќе посегнаа по геополитичкиот калкулатор: можеби треба да ја казниме Украина, да престанеме да навиваме за слободните и да тагуваме за бомбардираните. Најнеодговорните меѓу нив фрлаа камења по нас затоа што не се откажуваме од Украина. Некои дури и навиваа за Русија!

Каква штета е да се изгуби од вид едноставната вистина дека слободата не функционира како кеш машина за поврат.Застанувањето против агресивна војна и за праведен мир не е сметка што ја кинете кога жртвата на варварска агресија ќе ве разочара. Не е услуга разменета за услуга, туку тоа е кој сте и што претставувате во овој хаотичен свет.

И за среќа, Албанија не е мал човек кој пресметува кој кому му должи, туку Европа на Балканот која го покажува патот преку својата вера во слободата, демократијата и мирот и преку силата на својот пример.

Украина може да греши во врска со Косово, но нејзиното право да биде слободна останува несомнено, а борбата за тоа право значи борба за Европа и за нас самите. Овие вистини можат совршено добро да живеат во истата реченица. Албанија е доволно развиена за да ги носи и двете и ќе ги носи и двете.Значи да: СЛОБОДНА УКРАИНА. Денес, утре и секогаш, напиша Рама на Твитер.