Кога ќе бидат готови автопатите? Кичево-Охрид идната година, другите во 2029, кон Ќафасан не се знае


Од неколкуте автопатски делници кои во моментов се градат во нашата земја, прв во употреба ќе биде ставен автопатот од Кичево до Охрид, во првата половина од наредната година, што е уште едно продолжување од првичните најави на сегашната Влада дека тоа ќе се стори до крајот на оваа година. Другите делници, пак, (Тетово – […]

Филипче: Мицкоски лажеше за криминал со коридорите, а во надзорот влегол кадар на ВМРО


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека премиерот Христијан Мицкоски додека беше во опозиција, лажел и обвинувал за криминал за Коридорот 8,  додека во фирмата за надзор е влезен кадар на ВМРО. Филипче посочи дека станува збор за значаен инфраструктурен проект кој неправедно беше политизиран и искористен за напади од страна на ВМРО додека беа во […]

ДИК ќе им префрли пари на 11 блокирани општини за членовите на ОИК и ИО за локалните избори


 Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и на членовите на избирачките одбори за локалните и повторените избори во 11 општини кои имаат блокирани сметки.  Станува збор за 107.201.924 денари за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и […]

Позната е имотната состојба на грчките политичари: Мицотакис има 26 недвижнини


Приходите во период од една година, во конкретниот случај за 2024 година, недвижниот имот, евентуални кредити, акции, депозити и/или учества во компании, се вклучени во декларациите за имотната состојба на грчките политичари, што денеска јавно беа објавени на официјалната веб-страница на парламентот на Грција, како што предвидува законската обврска – јави дописничката на МИА од […]

Ниеден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети во предметот поврзан со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. На денешното рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а Обвинителството оцени дека полициските службеници […]

Милошоски: Работната група усогласи десет членови од Изборниот законик


Во Министерството за правда денеска се одржа состанок на работната група за Изборниот законик, на кој бил постигнат договор за измена на десет членови, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР. На состанокот присуствувале претставници на сите политички партии, освен на СДСМ. Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја претставува партијата во […]

Речиси 20 држави се вклучени во договорите за дронови со Украина


 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека досега речиси 20 држави се вклучени во договорите за дронови. – Продолжуваме со речиси секојдневна комуникација со претставници на САД. Рустем Умеров денеска ме информира за резултатите од неговите состаноци со Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Важно е Америка да остане ангажирана во дипломатијата и особено да […]

Како Пакистан ја призна Република Македонија: Сведоштво на Љубе Трпески


Љубе Трпески   Еден ден, пролетта 1993 година, ми се јавува тогашниот директор на „ЕМО“ од Охрид, Илија Иљоски и ми кажува, дека, во посета на „ЕМО“ е еден бизнисмен од Пакистан, со кого „ЕМО“ има добра соработка, развиен бизнис, посебно, во извозот на трансформатори преку неговата фирма, во Пакистан. Тој бизнисмен, пројавил интерес да […]

Возач на приватен автобус ги оставил патниците сред Илинден – „Не го знаел патот за назад“


Несекојдневна ситуација денеска доживеале патниците на приватниот автобус на линијата 63, откако возачот, наместо да ја заврши рутата до Мралино, ги симнал патниците во Илинден и се вратил назад кон Скопје. Настанот се случил околу 13 часот, на линијата од Транспортен центар кон Мралино. Според сведоштвата на патниците, возачот во текот на возењето постојано кажувал […]

Ана Дангова Хуг е новиот кандидат за судија во Стразбур


Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска  одржа седница, по добиеното мислење од Советодавниот панел во однос на спроведувањето на националната постапка за избор. Панелот констатирал дека еден од тројцата предложени кандидати не ги исполнува во целост критериумите за судија во Судот во Стразбур и за да […]

Ѓорѓиевски најави заедничка матурска на сите скопски матуранти годинава


За да се поттикне меѓусебната толерантност и да увидат средношколците дека сите се исти, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски најавува годинава сите скопски матуранти да присуствуваат на заедничка матурска прослава. – Како пилот-проект Град Скопје планира да организира заедничка матурска прослава на учениците од сите средни училишта и матурата заедно да ја слават учениците од […]

Јаневска со зајакнат приправнички испит и со лиценци за психолози против наставници-педофили


По неколкуте случаи на наставници и професори кои недолично се однесувале кон ученици, министерката за образование Весна јаневска, планира да го зајакне приправничкиот испит, но и да воведе лиценци за психолозите, кои ќе имаат задача да ги препознаат тие однесувања и да преземат мерки. Таа повика и на соработка од наставниците колеги на овие несовесни […]

ЕУ ќе воведува санкции врз израелските доселеници – насилници


БРИСЕЛ — ЕУ е подготвена да одобри санкции против таканаречените насилни израелски доселеници, откако новата влада на Унгарија сигнализираше дека повеќе нема да ја блокира мерката, изјави високиот дипломат Каја Калас пред Советот за надворешни работи во Брисел. Како што првично беше објавено, се очекува министрите да постигнат политички договор за долго одложуваните санкции, кои […]

ЕУ ќе подели 200 милиони од Планот за раст на Македонија, Црна Гора и Албанија, Србија ќе извиси


Европската Унија во наредните денови ќе додели близу 200 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора поради имплементацијата на Планот за раст за Западен Балкан, најави еврокомесарката за проширување Марта Кос. „Имам многу јасна порака – има место за сите земји од Западен Балкан во Европската Унија.Проширувањето е приоритет за ЕУ и ако кандидатите ги исполнат условите, тогаш и […]

Катрин Денев ќе објави книга за нејзиното холивудско алтер его, Мерилин Монро


Париз – Француската актерка Катрин Денев (82) ќе објави книга во среда во која го опишува своето длабоко восхитување од Мерилин Монро, која ја смета за свое холивудско алтер его, објавија денес француските медиуми. Во фото-книгата насловена „Драга Мерилин“, Денев открива колку и се восхитува на Мерилин, за која вели дека била „многу добра актерка“, […]

Што сакаше министерката да каже? Прашана за дефицитарни занаетчиски занимања, таа зборува за ВИ експерти


На Македонија ќе ѝ недостигаат експерти за вештачка интелигенција, за ВИ безбедност, ВИ дата аналитичари, но и изработувачи на филиграни и обработувачи на злато, порача министерката за образование на денешниот настан по повод почетокот на Националниот натпревар на вештини 2026-та што се одржува денеска и утре во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, во организација на […]

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се подновија со уште еден имот во Европа


Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас не се непознати за животниот стил на летниот пат, а сега додаваат уште еден меѓународен имот во своето портфолио. Актерката од „Сендеј“, 56, купила пентхаус апартман од повеќе милиони фунти во Рим за својот сопруг, ѕвездата од „Основен инстинкт“, 81, според нов извештај во „The Mail on Sunday“. Според извештајот, […]

Црна Гора е прва во Европа по потрошувачка на антибиотици, предупредуваат експерти


Црна Гора е на врвот во Европа според потрошувачката на антибиотици, а експертите предупредуваат дека прекумерната и неправилна употреба на овие лекови го забрзува развојот на антимикробната резистентност и ги прави инфекциите сè потешки за лекување – пренесе МИНА. Податоците на Институт за јавно здравје на Црна Гора и на СИНМЕД, доставени до агенцијата МИНА, […]

Двосмисленоста на ЕУ во врска со Турција е лоша геополитика


Важноста на конзистентноста во надворешната политика ретко е демонстрирана толку живописно како кога двајца врвни претставници на Европската комисија усвоија радикално различен јазик за односот на ЕУ со Турција. Еден од нив, претседателката Урсула фон дер Лајен, ја позиционираше Турција директно како член на злонамерна оска покрај Кина и Русија. Таа тврдеше дека изградбата на […]

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии


Агенцијата за филм во август годинава ќе распише мконкурс за снимање македонски серии, соопшти денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што напомена одговорајќи на новинарски прашања во врска со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030, поголем фокус ќе биде ставен на играната детска програма. -Агенцијата за филм […]