Што сакаше министерката да каже? Прашана за дефицитарни занаетчиски занимања, таа зборува за ВИ експерти


На Македонија ќе ѝ недостигаат експерти за вештачка интелигенција, за ВИ безбедност, ВИ дата аналитичари, но и изработувачи на филиграни и обработувачи на злато, порача министерката за образование на денешниот настан по повод почетокот на Националниот натпревар на вештини 2026-та што се одржува денеска и утре во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, во организација на Занаетчиска комора Скопје, како дел од проектот „Зајакнување на младите: градење вештини, креирање иднина“ финансиран од Европската Унија.

На новинарско прашање, кои дефицитарни занимања се најпотребни на пазарот на трудот, особено во занаетчиската дејност, Јаневска вели дека има повеќе дефицитарни струки. 
 

– Имаме повеќе дефицитарни струки, почнувајќи од занаечиството, па преку средното стручно образование – двогодишно, трогодишно, четиригодишно, па и во високото. Дозволете еве да кажам дека ние во високото ќе треба да се организираме, според глобалните промени, па на пример, ќе ни недостасуваат еј-ај инженери, ќе ни недостасуваат експерти за еј-ај безбедност, ќе ни недостасуваат еј-ај дата аналитичари, но секако нас ќе ни недостасуваат и луѓе кои ќе обработуваат филигран, луѓе кои ќе обработуваат злато – нешто по што е позната Македонија, луѓе кои повеќе ќе се посветат на занаетчиството, не само заради нашата традиција, туку заради тоа што тоа ќе овозможи ем подобар живот, ем извоз на одредени прозиводи од Македонија што е исклучително многу значајно – рече Јаневска. (Б.Б.)