Посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија. Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе […]

Иран ќе настапи на Мундијалот, повтори Инфантино


Ванкувер – Иранската фудбалска репрезентација ќе учествува на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, потврди уште еднаш синоќа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во говорот на 76. редовен Конгрес во Ванкувер. „Секако, иранската репрезентација ќе учествува на Светското првенство. Морам да го кажам тоа, потврдувајќи уште еднаш за оние кои можеби сакаат да […]

Попустот на горивата продолжува до 18 мај, три денари пониска цена за дизелот, два денара за бензините


Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година. Станува збор за мерка со која се обезбедува намалување на малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото […]

Променливо облачно и посвежо, до 16 степени


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно и […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 1 мај 2026 година, 121-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  244 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 30 минути, а ќе зајде во 19 часот и 32 минути. Денов трае 14 часа и 2 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]