Попустот на горивата продолжува до 18 мај, три денари пониска цена за дизелот, два денара за бензините


Фото: Б. Грданоски

Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година.

Станува збор за мерка со која се обезбедува намалување на малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани.