Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот


 Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните. – Во време на сериозна глобална неизвесност, […]

Грчкиот митрополит забрани и литургија на бугарски јазик


Грчкиот митрополит Амфилохиј предизвикал скандал во бугарската црква „Свети Ѓорѓи“ во Одрин откако испратил двајца свештеници и наредил литургијата да се служи на грчки наместо на бугарски јазик, објави BGNES. Одборот на доверители на Фондацијата на православни цркви на Бугарската егзархија во Истанбул ја одбил замената и ја откажал литургијата, а во црквата била прочитана […]

Тинејџерка повредена при пад во лифт во зграда во изградба во Центар


Вчера, во 4 часот во СВР Скопје, Т.К.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, нејзината 17-годишна ќерка паднала во отвор за лифт во зграда во изградба и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Зошто го сакам Евросонг? 


Eurovision Song Contest ја сакам(е) од многу причини – и често не само поради музиката. Тоа е редок настан каде цела Европа ( и пошироко) гледа исто шоу во ист момент. Има чувство на заедничко доживување. Комбинира музика, театар, кич, драма, политика, мемиња и искрено емоции во едно. Малку настани се толку непредвидливи. Луѓето сакаат […]

Јанев и Митевска победници на Ј30 Скопје – Поинтер опен 2026


Македонските млади тенисери Кристијан Јанев и Сара Митевска ги освоија титулите на јуниорски турнир J30 Скопје – Поинтер опен 2026. На терените на ТК Поинтер Тенис Парк, Митевска до титулата стигна без загубен сет. Таа доминираше во текот на целата недела, а во петте меча загуби само 22 гема. Во големото финале таа беше подобра […]

ТАВ Аеродроми: Над 1,2 милиони патници на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во првите четири месеци, рекорден раст од 32,4%


Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828). Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 […]

Белградски енергетски форум: Во фокусот ЦБАМ механизмот и регионалната интеграција: Каде е Македонија


Македонија повеќе не е пасивен набљудувач на енергетските процеси, туку држава што активно ги креира сопствените политики и се позиционира како релевантен и стабилен партнер во регионот – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните […]

Цените на нафтата повторно растат по неуспехот на разговорите меѓу Иран и САД


Цените на нафтата продолжија со растот на почетокот на неделава, откако пропаднаа мировните разговори меѓу Иран и САД. Цената на еден барел (159 литри) од северноморската нафта „брент“ за испорака во јули порасна за нешто повеќе од четири отсто и во раното тргување денеска достигна 105,76 долари. Цената на нафтата почна да расте уште кон […]

Реал ќе ѝ плати на Бенфика шест милиони евра за Мурињо, кој ќе потпише договор на крајот од сезоната


 Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ќе се врати во Реал Мадрид на крајот од сезоната, објави „COPE“. Клубот има намера да го објави назначувањето на 63-годишниот Португалец по натпреварот против Атлетик Билбао во 38. коло од Ла Лига, што ќе биде последниот натпревар на тимот во сезоната. Натпреварот ќе се одржи на 24 мај. Новинарот […]

Како напредува изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д: Еве што вели главниот проектен менаџер на „Бехтел и Енка“


Имаме активен напредок во изградбата на повеќе од 50 километри од трасата на автопатите на коридорите 8 и 10 д – изјави денеска Џош Бејкер, главен проектен менаџер на „Бехтел и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д, а кој пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски ги […]

Дуа Липа го тужи Самсунг за 15 милиони долари


Дуа Липа поднесе тужба од 15 милиони долари против Самсунг, тврдејќи дека компанијата го користела нејзиниот лик за да ги пласира своите телевизори без нејзина дозвола и без надомест. Во тужбата се тврди дека Самсунг почнал да го користи нејзиниот лик на пакувањето на телевизорите минатата година, создавајќи лажен впечаток дека таа го промовира нивниот […]

Дизелот поевтинува за четири денари


Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за […]

Стуб: САД нема целосно да се повлечат од Европа, европските бази се клучни за глобалната стратегија на Вашингтон


Финскиот претседател Александар Стуб оцени дека САД нема целосно да ги повлечат своите трупи од Европа, бидејќи базите на европскиот континент им се неопходни за пошироко глобално дејствување. Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ (Corriere della Sera), Стуб изјави дека не е особено загрижен поради можното повлекување на дел од американскиот контингент од […]

Љутков: Никој нема да биде отпуштен од работа, ќе се фузираат одредени институции


Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции – изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030, кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на […]

Аукција на предметите на холивудската легенда Мерилин Монро


Вашингтон – Предмети што ѝ припаѓале на покојната филмска ѕвезда Мерилин Монро наскоро ќе бидат понудени на аукција. Станува збор за облека од гардероберот на актерката, накит, лични писма, рачно напишани белешки, слики и поезија, кои за првпат ќе ѝ бидат достапни на јавноста на големата аукциска продажба. – Мерилин едноставно е икона. Луѓето и […]

Евровизиските икони се враќаат на сцената за Виена 2026


Виена 2026 е подготвена да биде домаќин на неверојатна прослава на 70-от Евровизиски натпревар за песна. Радиодифузерот ORF откри раскошен состав на легенди, суперѕвезди и импресивни изведувачи кои ќе ни се придружат во оваа пресвртница. Прослава! – Најдобрата средба на ѕвездите на Евровизија За интервалниот настап на Големото финале, ги собираме некои од најомилените евровизиски […]

Цената на горивото експлодираше во Америка, се размислува за укинување на даноците


Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, вчера изјави дека администрацијата на Доналд Трамп може да размисли за привремено укинување на федералниот данок на гориво. Како што објави Си-Ен-Ен, Рајт истакна дека Белата куќа поддржува „скоро сите мерки“ што се обидуваат да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Да, оваа администрација ги разгледува сите потези […]

Одбиено барањето за изземање на судијка поротничка, предметот за 13 полицајци од Кочани оди на главна расправа


Со одлука за одржување главна, јавна и усна расправа, денеска заврши подготвителното рочиште во Основниот кривичен суд против 13-те полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“.  На почетокот на рочиштето беше констатирано дека една од […]

БРАКО и „Грин машинс“ на светскиот саем ИФАТ во Минхен


Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, деновиве привлекоа големо внимание во Германија на светскиот саем ИФАТ — водечки меѓународен саем за технологии за животна средина, комунална опрема и одржлива урбана инфраструктура. Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и други земји […]

Авторката Ана Пашкевич од Полска доаѓа во Скопје за промоција на сликовницата „Три желби“


 Ана Пашкевич, една од највпечатливите современи авторки за деца од Полска, неделава ќе престојува во Скопје по повод креативните работилници инспирирани од сликовницата „Три желби“ – современа, еколошка, едукативна и длабоко емотивна приказна што на уникатен начин ја менува добро познатата бајка за златната рипка. Книгата е илустрирана од Јоана Бартошик, а на македонски ја преведе […]