Тинејџерка повредена при пад во лифт во зграда во изградба во Центар


Фото: Б. Грданоски

Вчера, во 4 часот во СВР Скопје, Т.К.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, нејзината 17-годишна ќерка паднала во отвор за лифт во зграда во изградба и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.