Калас: Шефовите на дипломатиите на ЕУ дадоа поддршка за Западен Балкан, за возврат очекуваат реформи


Брисел – Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ дале политичка поддршка за продлабочување на соработката со партнерите од Западен Балкан во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, но и додаде дека за возврат очекуваат понатамошни реформи, почитување на владеењето на правото […]

Околу 20 држави преговараат со Украина за да добијат дронови


Киев – Околу 20 земји се во преговори со Украина за набавка на нејзини дронови, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Јасно е дека војната во Иран моментално е единствениот фокус на САД и американскиот претседател Доналд Трамп“ напиша украинскиот претседател на социјалните мрежи. Зеленски додаде дека токму војната што ја води Русија влијае на […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 12 мај 2026 година, 132-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  233 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 17 минути, а ќе зајде во 19 часот и 44 минути. Денов трае 14 часа и 27 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Два булевари и повеќе скопски улици утре без вода


ЈП „Водовод и канализација“ извести дека дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ утре ќе бидат со прекин во водоснабдувањето, а исто така прекинато водоснабдување ќе имаат и дел од корисниците од општина Чаир. Од таму информираат дека поради промена на затворачи ф 5/4 на булеварот „Партизански Одреди“ бр.48а, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од […]

Трамп ја суспендира федералната такса на бензин за да им помогне на Американците со цените на горивата


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја суспендира наплатата на федералната такса на бензин за да им помогне на Американците да се соочат со повисоките цени на горивото, поттикнати од војната против Иран. Иран, по американско-израелскиот напад на 28 јануари, практично ја затвори Ормуската Теснина преку која од Персискиот Залив во светот поминуваше […]

Одбојкарките на Работнички ја освоија шампионската титула


 Одбојкарките на Работнички се нови шампиони откако во мајсторката од плеј офот во Струмица со 3:1 во сетови (16:25; 25:20; 27:25 и 25:23) го совладаа тимот на Наковски волеј со 3-2 во победи. Ова беше прв триумф на Работнички сезонава на теренот на противникот. Натпреварот почна во знак на домашната екипа, која го доби првиот […]

Товарно возило усмрти 89 – годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп


Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно возило, потврди за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева. – Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од […]

Невреме ја парализира Србија: Пороен дожд и силен ветер носат сè пред себе (видео)


Србија попладнево ја погоди силно невреме. Во Белград врне пороен дожд и се слушаат силни грмотевици, објавија српските медиуми.           View this post on Instagram                       A post shared by 192.RS (@192_rs)   И Сурчин е погоден од силно невреме, каде […]

Норовирус коси на друг крузер: Заболени над 100 патници и членови на екипажот


  Над 100 луѓе се разболеле од норовирус на крузерот „Карибиан Принсес“, соопшти Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC). Според податоците, досега симптоми на инфекција наводно биле пријавени кај 102 патници и 13 членови на екипажот. Заразените најчесто се жалеле на стомачни тегоби, вклучувајќи дијареја и повраќање. Епидемијата е забележана за време […]

Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората


Македонската држава има „насушна потреба од соработка со дијаспората“, не само преку инвестиции, туку и преку знаењето и искуството, порача вечерва претседателката Гордана Сиљановска‑Давкова на приемот во пресрет на традиционалниот Самит „Македонија 2025“, нагласувајќи дека „човек може физички да замине од својата земја, но таа не заминува од него“. Обраќајќи се пред присутните, претседателката истакна […]

Маск и Кук во делегацијата на Трамп во Кина


Вашингтон – Белата куќа ги покани извршниот директор на Тесла, Елон Маск, и извршниот директор на Епл, Тим Кук, да бидат дел од делегацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата посета на Кина, објави денес Блумберг, повикувајќи се на неименуван функционер од Белата куќа. Се очекува поканата да им биде упатена и […]

Унгарија нема повеќе да ја уценува ЕУ


Новата унгарска министерка за надворешни работи, Анита Орбан, најави пресврт во надворешната политика на Будимпешта. Пред денешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, таа изјави дека нејзината земја повеќе нема да го користи ветото како инструмент за уцена и ќе работи на враќање на довербата со партнерите во Европската Унија и НАТО, пишува […]

Евросонг меѓу политиката и мега-спектаклот: Кои се фаворитите за победа?


Виена – Евросонг во Виена е под политички притисок уште пред да започне. Сепак, за љубителите на најголемото музичко натпреварување во светот, сè се врти околу музиката и прашањето: Кои се фаворитите за финалето, за победата? Во својата 70-годишнина, Евровизија се враќа во австриската престолнина. Во градот којшто претставува симбол на културата и различноста. Ова […]

Обвинетиот за нападот врз Трамп на суд рече дека не сакал да го убие американскиот претседател


 Кол Томас Ален, обвинет дека вооружен упаднал во хотел во кој се одржувала вечера организирана од Белата куќа, се изјасни за невин по обвиненијата дека се обидел да го убие претседателот на САД, Доналд Трамп. Ален бил со лисици на рацете и носел портокалова затворска униформа кога се појавил пред судот за изнесување на обвинението, […]

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем


Македонската ракометна репрезентација од вчера ги стартуваше подготовките за бараж дуелите од Светското првенство против Словачка. Во претходниот бараж дуел Словачка ја елиминира Украина со победа (27:24) како гостин (натпреварот се играше во Германија) и пораз на домашен терен (31:32). Но, селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, покрај за противникот зборуваше и за нашиот последен […]

Во Мјанмар пронајден рубин од 2,2 килограми


  Рударите во Мјанмар, поарнешна Бурма,  открија редок рубин со извонредна големина, за кој се верува дека е втор по големина пронајден во земјата од Југоисточна Азија, разорена од конфликти. Огромниот скапоцен камен е ископан во близина на градот Могок во регионот Мандалај, срцето на профитабилната индустрија за скапоцени камења, која неодамна беше сцена на […]

Почнува Самитот на Македонија2025: Вечерва свечен прием кај претседателката, утре стартува главната програма


  Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, […]

Левица: Ни ребаланс не го спасува Буџетот


Фактот што за само четири месеци се реализирани над 72 отсто од планираниот буџетски дефицит е сериозен сигнал дека проекциите врз кои е скроен Буџетот за 2026 година биле или нереално оптимистички или политички мотивирани. Кога приходите потфрлаат уште во првиот квартал, а расходите продолжуваат со планирана динамика, тоа значи дека државата влегува во структурен […]

„Бритиш стил“ се враќа во државна сопственост


Компанијата „Бритиш стил“ (British Steel) е на пат повторно да стане државна сопственост, откако британскиот премиер Кир Стармер денеска најави нови законски мерки кои, како што рече, ќе ѝ дадат на Владата „опции“ за заштита на индустријата и на работниците. Новите овластувања би можеле да се искористат за национализација на „Бритиш стил“, 38 години откако […]

Германците штедливи, две третини од граѓаните ја намалиле потрошувачката на енергија поради војната со Иран


Околу две третини од жителите на Германија свесно ја намалиле потрошувачката на енергија поради растот на цените поврзан со војната со Иран, покажува анкета објавена денеска од порталот за споредба на цени Verivox. Репрезентативното истражување покажа дека 55 проценти од испитаниците се обидуваат да ги намалат трошоците за греење, додека 52 проценти посветуваат поголемо внимание […]