Два булевари и повеќе скопски улици утре без вода


Фото: Б. Грданоски

ЈП „Водовод и канализација“ извести дека дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ утре ќе бидат со прекин во водоснабдувањето, а исто така прекинато водоснабдување ќе имаат и дел од корисниците од општина Чаир.

Од таму информираат дека поради промена на затворачи ф 5/4 на булеварот „Партизански Одреди“ бр.48а, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од овој скопски булевар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Исто така, поради промена на затворачи ф 2” цола, на улицата „Коста Абрашевиќ“ бб (кај ОУ „Хасан Приштина“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица „Коста Абрашевиќ“, булевар „Цветан Димов“, улица „Панче Неделковски“, улица „5-ти Мај“ и улица „Кемал Ататурк“ од 09:00 часот до завршување на работните активности.