Маск и Кук во делегацијата на Трамп во Кина
Вашингтон – Белата куќа ги покани извршниот директор на Тесла, Елон Маск, и извршниот директор на Епл, Тим Кук, да бидат дел од делегацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата посета на Кина, објави денес Блумберг, повикувајќи се на неименуван функционер од Белата куќа.
Се очекува поканата да им биде упатена и на Дејви Соломон од Голдман Сакс, Стивен Шварцман од Блекстоун, Лари Финк од Блекрок, Џејн Фрејзер од Ситигруп и Дин Пауел Мекормик од Мета, додаде агенцијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе престојува во официјална посета на земјата од 13 до 15 мај. Блумберг објави дека Трамп има намера да преговара за серија деловни договори и договори за купување со Пекинг за време на посетата.