Левица бара разрешување на вицепремиерот Арбен Фетаи


Левица најостро реагира на скандалозното и неодговорно однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работното место, не присуствува на владините седници, не одговара пред Собранието, а притоа продолжува да ја користи функцијата и бенефитите што ги плаќаат граѓаните на Македонија, се вели во соопштението од Левица. „Додека Владата на Мицкоски […]

Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД


Вашингтон – Американскиот Сенат синоќа одобри резолуција за воените овластувања на претседателот на САД, со која практично би бил ставен крај на војната со Иран освен ако претседателот Доналд Трамп не добие одобрение од Конгресот на САД. Резолуцијата беше усвоена со 50 гласа „за“ и 47 „против“, при што четворица републиканци гласаа заедно со демократите […]

Промоција на книгата „Современа уметност во постјугословенскиот простор: студии на случај во хаунтологијата“


Во КСП Центар – Јадро вечер во 20 часот ќе се одржи промоција и критичка дискусија по повод објавувањето на антологијата „Современа уметност во постјугословенскиот простор: студии на случај во хаунтологијата“/Contemporary art in the post-yugoslav space: case studies in hauntology“, издадена од „Routledge books“ во Њујорк и Лондон во 2025 година.  – Уредена од Џон […]

„Мадам Батерфлај“ на сцената на НОБ во рамки на „Мајски оперски вечери“


Во рамки на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“, вечер во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Со делото, кое важи за едно од најемотивните и најизведувани во светскиот оперски репертоар, ќе диригира гостинот од Грција Мирон Михаилидис, додека режијата ја […]

Без вода делови од Ѓорче Петров


Поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Лука Геров“ бр.38, денеска без вода ќе останат повеќе населени места во општина Ѓорче Петров. Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, прекин во водоснабдувањето од 8:30 часот ќе имаат корисниците од населбите Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и […]

Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025


Во Друштвото на писателите на Македонија вечер во 19 часот ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2025 година. Годинашен лауреат е писателката Оливера Ќорвезироска за романот „Три Марии“, во издание на „Арс Либрис“. Одлуката ја донесе петчленото жири составено од Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина Богоева, со мнозинство […]

“Wind To Blow” (Ветер да Подујне) – промоција на новиот албум на Добрила и Дориан во рамки на Оффест


Во четврток, 21 мај, во Аудиокултура, во 19, 30 часот,  ќе се промовира новиот компакт-диск на Добрила и Дориан “Wind To Blow” (Ветер да Подујне). Концертната промоција на албумот ќе се случи на 4 јуни, во НОБ, во рамките на 25. Оффест. После “Апокриф” и “Пиле Шарено”, “Wind To Blow” (Ветер да подујне) е трет […]

Фолк Фест Валандово 2026 со омаж за Никола Бадев


Годинава се навршуваат 50 години од смртта на Никола Бадев, едно од најзначајните имиња во историјата на македонската народна песна. По тој повод, Фолк Фест Валандово 2026 ќе оддаде почит на неговото музичко наследство. Наградата за најдобра интерпретација на Фолк Фест Валандово го носи името на Никола Бадев. Признанието се доделува за најуспешна вокална изведба […]

Поранешниот главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак во посета на македонскиот Парламент


Хрватскиот експерт и поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, денеска ќе го посети Собранието.  Како што информираат од собраниската прес-служба, Дробњак ќе оствари средби со пратеничката Иванка Василевска и со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче

Променливо облачно со ветер и услови за дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 20 мај 2026 година, 140-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  225 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 9 минути, а ќе зајде во 19 часот и 52 минути. Денов трае 14 часа и 43 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Шпионски скандал во кабинетот на Сиљановска, открива „Слободен печат“


Голем шпионски скандал со геополитички димензии го тресе Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори предистрага по индиции за извлекување, копирање и тајно шифрирање на доверливи државни податоци наменети за странски разузнавачки служби, открива „Слободен печат“. Според медиумот вВо фокусот на истрагата е ИТ администратор […]

Албанскиот амбасадор во Македонија наводно пред повлекување?


Амбасадорот на Албанија во Северна Македонија, Денјон Меидани, би можел предвреме да ја заврши својата дипломатска мисија во Скопје, објави албанската телевизија A2 CNN, повикувајќи се на извори од Скопје и од албанското Министерство за надворешни работи. Според информациите, причините за евентуалното повлекување се поврзуваат со незадоволство во коалицијата ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ поради ставовите на […]

Арсенал стана шампион на Премиер лига за прв пат по 22 години


  Арсенал е шампион на Премиер лигата за прв пат по „Непобедливите“ на Арсен Венгер во 2004 година, откако Манчестер Сити ремизираше 1-1 против Борнмут. Ова е круна на извонредното достигнување за Микел Артета на неговата прва менаџерска работа. Шпанецот го трансформираше Арсенал во претендент откако ја презеде функцијата од Унаи Емери во декември 2019 […]

Според Пренџов СДСМ ја задолжил државата повеќе од ВМРО-ДПМНЕ


Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на економските политики кои ги презема власта и направи паралела на економските политики кои беа преземани од опозициската СДС. Тој додаде дека во поглед на задолжувањата, во рамки на Буџет, државата била дупло задолжена за […]

Спасовски: Сите партиии во Македонија страдаат од клиентелизам


Екс министерот за внатрешни работи во времето на СДСМ, Оливер Спасовски, во емисија на 4ТВ оцени дека опозициската партија направила сериозни пропусти – од кадровската политика, па сè до неисполнетите очекувања за правда и длабоки реформи во правосудството – поради што ги изгуби изборите. „Некој ќе рече дека фактор беше коалицискиот партнер, и тоа е […]

СДСМ контра Сиљановска: Со празна реторика се слабее позицијата на Македонија


Опозициската СДСМ реагираше на предавањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Словенија, оценувајќи го нејзиното излагање како неуспех на меѓународен план. Според партијата, наместо да се искористи приликата за потврда на стратешките цели, со изнесените ставови директно се загрозува иднината на државата. Во соопштението се нагласува потребата од недвосмислено прифаќање на преземените меѓународни обврски. „Наместо јасно […]

Сиљановска до бугарски амбасадор: За разлика од вас, ние им гарантираме права на сите малцинства


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека и без експлицитно споменување на Бугарите во македонскиот Устав, нивните права се гарантирани на исто ниво, како и правата на другите заедници наведени во највисокиот правен акт. Во одговор на прашање од бугарскиот амбасадор во Словенија, Красимир Бојанов, по предавањето на Правен факултет при Универзитетот во Љубљана на тема „Уставни […]

Кристијан Алексиќ признал сè и не покажува каење – сакал да убие друго момче


Кристијан Алексиќ, човекот кој го уби 19-годишниот матурант Лука во Дрниш, Хрватска, бил испрашуван во окружното обвинителство на Шибеник речиси два часа, за време на кои активно се бранел. Донесена е одлука за спроведување истрага против него за кривичните дела тешко убиство и нелегално поседување, производство и стекнување оружје и експлозиви. Побаран е притвор. Алексиќ […]

Џеј Ди Венс: Направивме напредок во преговорите со Иран, никој не сака војна


Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, денес изјави дека САД и Иран постигнале голем напредок во разговорите и дека ниту една страна не сака продолжување на воената кампања. „Мислиме дека постигнавме голем напредок. Мислиме дека Иранците сакаат да постигнат договор“, изјави Венс пред новинарите на брифингот во Белата куќа. Венс рече дека штотуку разговарал со […]