ЕК најавува помош за земјоделците поради скапите ѓубрива


Европската комисија (ЕК) денес вети дополнителни средства за земјоделците за купување ѓубрива, кои станаа значително поскапи поради војната на Блискиот Исток. „На краток рок, ќе ги поддржиме европските земјоделци за да можат да ги купат ѓубривата што им се потребни за следната сезона на сеење“, рече комесарот за земјоделство Кристоф Хансен, кој го презентираше акциониот […]

Израел доби поени од речиси цела Европа на Евровизија, Хрватска ѝ даде нула


Виена – Израел заврши на второто место на годинешната 70. Евровизија со вкупно 343 поени, од кои 220 беа од публиката и 123 од стручните жирија. Иако песната очигледно беше добро прифатена од публиката во повеќето земји, интересно е што само три земји му дадоа на Израел нула поени од публиката, вклучувајќи ја и Хрватска. […]

Божиновска: Декарбонизацијата-конкретен патоказ и дел од нашите обврски кон ЕУ


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на Советот за праведна транзиција, на кој се разговараше за следните чекори во имплементацијата на процесот на праведна транзиција.  „Кога зборуваме за декарбонизација, не зборуваме за апстрактна цел, туку за конкретен патоказ кој е дел од нашите обврски кон Европската Унија. За […]

Колку е поволна каматата на новото задолжување од 260 милиони евра


За 260 милиони евра, колку што Владата ќе се задолжи од странските банки, за седум години колку што изнесува рокот за враќање, ќе треба да се платат дополнителни шеесетина милиони евра кон заемодавателите, според пресметките кои денес на Комисијата за финансирање и буџет ги изнесе пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи. За министерката за финансии, Гордана […]

Чешкиот премиер и претседателот се караат кој ќе присуствува на самитот на НАТО


Прага – Чешкиот премиер Андреј Бабиш и претседателот Петр Павел се во конфликт околу тоа кој ќе ја претставува Прага на годишниот самит на НАТО во Турција во јули. Иако Павел присуствувал на сите годишни самити на алијансата откако ја презеде функцијата во 2023 година, Бабиш, кој се врати на власт во 2025 година, е […]

Центар за дневен престој за деца со попреченост „Ајнштајн“ отворен во Црниче


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека денес во населбата Црниче бил отворен новиот Едукативно-терапевтски центар „Ајнштајн“- современа и специјализирана социјална услуга наменета за индивидуална работа со деца и млади со различни развојни, интелектуални и говорни тешкотии. Центарот ќе нуди секојдневна поддршка преку логопедски и дефектолошки третмани. Услугата е целосно бесплатна, а […]

Критики за Трамп поради одлуката за основање фонд за обесштетување на „жртвите“ на администрацијата на Бајден


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со критики поради основањето фонд вреден над 1,7 милијарда долари за наводни жртви на владини постапки поведени во времето на администрацијата на претседателот Џо Бајден. Американското Министерство за правда соопшти дека фондот е резултат на спогодба и дека средствата ќе бидат наменети за обесштетување лица што тврдат дека […]

Германија испраќа противвоздушна батерија „Патриот“ и 150 војници во Турција


Берлин – Германија во претстојните недели ќе испрати батерија за противвоздушна одбрана „Патриот“ и 150 војници во Турција, како дел од планот на НАТО за засилување на одбраната по должината на југоисточниот фланг на Алијансата, соопшти германското Министерство за одбрана. Како што пренесува германскиот весник „Берлинер цајтунг“, во официјалното соопштение на Министерството се наведува дека германската […]

Шведска купува четири воени фрегати од Франција за 3,65 милијарди евра


Стокхолм – Шведска денеска официјално објави дека го избра францускиот производител „Навал Груп“ (Naval Group) за испорака на четири нови фрегати за потребите на својата воена морнарица, зделка со вкупна вредност од околу 40 милијарди шведски круни (3,65 милијарди евра), при што првата испорака се очекува во 2030 година. – Купувањето на фрегатите од моделот […]

Маѓар ја избра Полска за прва официјална посета во странство


Варшава– Новиот унгарски премиер Петер Маѓар денеска пристигна во Полскаа на својата прва официјална посета во странство по преземањето на функцијата – избор со кој симболично се означува враќањето на Будапешта кон Европската Унија по долгогодишното владеење на Виктор Орбан. Орбан со години беше во отворен конфликт со Брисел поради прашања поврзани со владеењето на […]

Никогаш не влегов во комората каде што загинаа Италијанците. Тоа е стапица


Нук- Локален експерт кој, како што вели, нуркал безброј пати во пештерскиот систем на Малдивите, каде што пет италијански туристи ги загубија животите, ги опиша околностите на нивната смрт и ја нарече „трагедија што беше неизбежна“. Алармот беше кренат во четврток откако групата, во која беа мајка и ќерка, не се врати од истражувачко нуркање […]

ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб и планира основање локални енергетски претпријатија


На редовната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС денеска се разговарало за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што биле донесени повеќе одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа, соопшти попладнево претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. Како клучни точки на состанокот се издвојуваат заштитата на имотот во летниот период и […]

Алкараз ќе го пропушти и Вимблдон


Мадрид – На неколку дена до почетокот на Ролан Гарос стигна лоша вест и за организаторите на Вимблдон. Победникот на годинашниов Австралија опен, Карлос Алкараз го откажа учеството поради повреда. Шпанецот сезоната ја почна одлично со триумф во Мелбурн, потоа поради повреда на рачниот зглоб почнаа лошите резултати. –  Моето заздравување тече добро и се чувствувам […]

Ѕирнете во приватниот авион на Хари и Меган од 7,3 милиони долари


Принцот Хари и Меган Маркл можеби се откажале од својот кралски начин на живот, но тоа не значи дека двојката се откажала од малите луксузи на животот. Според извештаите, Сасексови се познати по тоа што патуваат со стил, честопати избирајќи приватен авион за меѓународни патувања. Внатре во приватниот авион на војводата и војвотката од Сасекс […]

Средношколка нападната од соученик, трпела и психичко малтретирање


Министерство за внатрешни работи информира дека во СВР Скопје бил пријавен случај на физички напад врз малолетничка во средно училиште на подрачјето на Карпош. Според пријавата, О.С.(45) од Скопје на 18 мај околу 19:15 часот пријавил дека истиот ден околу 14:30 часот неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Како што навел пријавителот, […]

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, порача дека нема да има намалување на бројот на студентски стипендии и ја обвини СДСМ за манипулација со јавноста. Според Јаневска, бројот на стипендии не се утврдува со закон, туку секоја година се определува согласно со буџетот и потребите на државата. Таа информираше дека со предложените измени на […]

По речиси тримесечна пауза, повторно отворена берзата во Техеран


Берзата во Техеран денеска повторно почна со работа по пауза од околу 80 дена, и покрај натамошната неизвесност околу развојот на конфликтот меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Како последица на претрпени воени штети, вкупно 42 компании се целосно исклучени од тргувањето. Според изјава на претставник на берзата, оваа бројка соодветствува на околу 35 отсто […]

Заменикот-државен секретар на САД наредил да му се даде виза на избеганиот поранешен полски министер Зиобро


  Заменикот-државен секретар на САД, Кристофер Ландау, им наредил на високите службеници во неговиот оддел да обработат и одобрат виза за поранешниот полски министер за правда Збигњев Зиобро, кој избега од Унгарија во Соединетите Држави, објави Ројтерс, повикувајќи се на американски претставници. Полска го бара Зиобро, архитектот на контроверзните промени во полскиот правосуден систем за […]

Центрите за податоци во Велика Британија остануваат без струја: Ќе користат фосилни горива


Повеќе од 100 нови центри за податоци во Велика Британија планираат да користат гас за производство на електрична енергија, некои од нив трајно. Според британските претставници, ова е неизбежна последица од годините чекање да бидат поврзани со националната електрична мрежа, што покренува „интересно прашање“ за климатските цели на земјата, пишува Гардијан. Голем интерес за приклучоци […]

Јанша поднесе кандидатура за премиер на Словенија


Љубљана – Претседателот на Словенечката демократска партија (СДС), Јанез Јанша, денеска е официјално предложен за мандатар за состав на новата словенечка влада, откако доби поддршка од 48 пратеници во Државниот збор. Како што јави Словенечката новинска агенција (СТА), кандидатурата на Јанша, покрај матичната СДС, ја поддржаа и пратениците од Нова Словенија (НСи), Словенечката народна партија […]