Македонските затвори умерено пренатрупани, земјата меѓу водечките по должина на изречените казни


Македонија се наоѓа во групата земји со умерено пренатрупани затвори, каде што се бележат 104 затвореници на 100 расположливи места, а истовремено е меѓу европските држави со најдолг просечен период на издржување затворска казна, кој изнесува 18 месеци. Ова го покажуваат податоците од денеска објавената годишна статистика на Советот на Европа за затворската популација (SPACE […]

За Филипче министрите во владата се „политички туристи“


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција порача  дека одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да го прифати предлог-законот на СДСМ за забрана на двојни државјанства за функционери целосно ја разобличува нивната политика, а од премиерот побара одговор зошто не ги става малцинствата во Уставот.    -Одбивањето да се прифати овој предлог закон на СДСМ целосно ја […]

Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие – приведени шестмина


Министерство за внатрешни работи информираше дека во последното деноноќие биле регистрирани седум случаи на семејно насилство, при што шест лица биле лишени од слобода. Во еден од случаите, вчера околу 04.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 33-годишен жител на општина Чучер-Сандево, откако неговата сопруга пријавила дека физички ја нападнал во семејниот дом. Во […]

 Д-р Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе


Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството.   -Чинот на органодарителство се јавува во најтешките моменти од животот на едно семејство. Лицето остава порака на своето семејство, а дава шанса […]

Мостот на „Љубљанска“ до крајот на годината ќе поврзува три населби – никнува и парк крај Лепенец


Мостото на крајот од улицата „Љубљанска“ е готов повеќе години, но беше во застој неговото поврзување, кое пак сега е во завршна фаза. На терен се гледа напредокот во неговото поврзување со пешачката патека покрај Вардар, како и продолжените од Карпош, кон Бардовци и Злокуќани. Неговото пуштање во употреба се очекува до крајот на годината. […]

Филков за протестите вчера: Македонскиот јазик не е пречка туку обврска!


Министерот за правда, Игор Филков, вчерашните протести за  употреба на албанскиот јазик при полагањето на правосудниот испит ги оцени како обид ова прашање да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Според него, правосудниот испит не е прашање на политика туку на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. – […]

Советот на обвинители контра власта: За одговорност се одлучува со докази, не со пресови


  Случајот со мазутот за ТЕЦ Неготино ја „скара“ власта со Советот на јавни обвинители. Од таму денес порачаа дека одговорноста на обвинител се утврдува со факти и докази, а не врз основа на политички изјави или јавен притисок.   Реакцијата следува по барањата од ВМРО-ДПМНЕ Советот да реагира за запирањето на истрагата за набавките […]

Мајкл Џексон се искачи на првото место на листата „Billboard Artist 100“


Речиси две децении по неговата смрт, Мајкл Џексон е најголемиот уметник во Соединетите Американски Држави. Покојната суперѕвезда, која почина во 2009 година, за прв пат се наоѓа на врвот на листата „Billboard Artist 100“, поттикната од континуираниот успех на биографскиот филм за Мајкл и масовното враќање низ стримингот, радиото и продажбата. „Artist 100“, која Билборд […]

Ахмети: Изјавите на Милошоски за случајот „Мазут“ се притисок врз правдата


Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска изрази загриженост за серијата обвинувања од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, околу прекинувањето на истрагата за предметот „Мазут“. Прашан дали смета дека кампањата на Милошоски против одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја прекине истрагата […]

Гвардиола купува луксузна вила во Барселона од 14 милиони евра по заминувањето од Сити


Барселона – Пеп Гвардиола наводно размислува да купи луксузен имот во Барселона откако го напушти Манчестер Сити ова лето. Според „Сан“, каталонскиот стручњак си поставил за цел луксузен имот вреден 14 милиони евра, а интересно е што тој се наоѓа во непосредна близина на домот што го делел со сопругата, пишува „Дејли меил“. Веста за […]

Полицијата приведе седум возачи – петмина возеле без дозвола, еден пијан и со забрана


Министерство за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата биле лишени од слобода седум возачи поради безобѕирно управување возило. Според полицијата, петмина од нив управувале возила без возачка дозвола, еден возач возел со брзина поголема од дозволената, а еден управувал возило и покрај активна забрана, под дејство на алкохол. […]

Бред Пит не контактира со ќерката Захара за време на матурата


Бред Пит наводно бил отсутен за време на важна пресвртница во животот на неговата ќерка Захара Џоли. Додека Захара го славела своето матурирање на колеџот Спелман, новите извештаи тврдат дека актерот ниту присуствувал на церемонијата, ниту контактирал со членовите на семејството претходно, истакнувајќи ја континуираната дистанца во славното семејство. Бред Пит наводно не контактирал со […]

Мицкоски пак повика на обединување, додека ВМРО-ДПМНЕ го нарече Филипче бугарски пион


  На 150-годишнината од Разловечкото востание премиерот Христијан Мицкоски повторно повика на национално обединување, во истиот ден кога од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го обвини лидерот на опозицијата дека бил пион на Бугарија. Во говорот во делчевското село Разловци Мицкоски повика на обединување за државните и националните интереси затоа што ниту една политичка разлика […]

Војната ја осакати една од најбогатите држави на светот – Катар


  Природниот гас го трансформираше Катар, пустински полуостров во Персискиот Залив, од заостаната земја ловец на бисери во една од најбогатите нации во светот. Но, иранските напади и блокадата на бродарството сега го парализираа клучниот извоз на гас и ги закочија економските планови што требаше да поттикнат понатамошен раст, објавува „Њујорк тајмс“. Катар помина три […]

Путин и Трамп: Браќа во понижување


Двајца постари лидери се борат да се извлечат од катастрофалните војни во кои лично ги доведоа своите земји. Ниту еден од нив не успева. Кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна својата целосна инвазија на Украина на почетокот на 2022 година, неговата цел беше да предизвика промена на режимот во Киев и да прогласи победа […]

Министерството за култура издвои околу 25 милиони денари за реконструкција на Спомен-домот на Разловечкото востание


Министерството за култура и туризам издвои околу 25 милиони денари за целосна реконструкција на Спомен-домот на Разловечкото востание, а е изработена и комплетно нова историска поставка, која преку фотографии и артефакти ја раскажува приказната за Востанието. Министерот Љутков, кој присуствуваше на а свеченоста по повод јубилејот, 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци, додаде дека […]

Кастеланета: Западниот Балкан предолго чека, процесот за ЕУ мора да се симплифицира


„Западен Балкан не може да биде оставен настрана од интеграцијата во Европската унија. Земјитe во регионот чекаат од Солунскиот самит во 2003 година“, порача генералниот секретар на Јадранско-јонската иницијатива, амбасадорот Џовани Кастеланета на денешниот форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот Регион (ЕУСАИР), што се одржува во Скопје. Според него, одлагањета и неизвесностите во […]

Адријана Лима носеше проѕирен фустан кој криеше многу малку во Кан


Кан – Адријана Лима привлече големо внимание на гала-вечерта „Miracle“ на Chopard, одржана синоќа, во рамките на Филмскиот фестивал во Кан. Познатата манекенка се појави во впечатлива модна комбинација – проѕирен црн фустан кој криеше многу малку. Асиметричната креација со едно рамо го откри сензуалниот боди што го носеше под неа, пишува InStyle. Впечатлив изглед […]

Ова се земјите со највисока инфлација во Европа, Македонија не е за фалење


  Инфлацијата се намали од неодамнешните врвови, но растот на цените останува постојано висок низ поголемиот дел од Европа. Овој графикон рангира 36 европски земји според годишната стапка на инфлација, користејќи ги најновите достапни податоци за 2026 година од Евростат и Парламентот на Обединетото Кралство. Извор> Visualcapitalist.com Годишната инфлација мери колку се зголемиле потрошувачките цени […]

Меркел повика на директни преговори на ЕУ со Русија


  Ангела Меркел ги повика лидерите на ЕУ да преговараат директно со Кремљ за да се стави крај на војната во Украина, а воедно се исклучи себеси како претставник. Меркел, која преговараше за таканаречените договори од Минск II во 2015 година, кои не успеаја да ја завршат граѓанската војна поттикната од Москва во југоисточна Украина, […]