Советот на обвинители контра власта: За одговорност се одлучува со докази, не со пресови
Со тоа предметот се префрла од политичката сцена назад во институционалната процедура. Прашањето веќе не е само дали истрагата требало да заврши со обвинение, туку и дали правосудниот систем може да ја објасни одлуката доволно јасно за да ја зачува довербата во постапувањето по предмети со висок јавен интерес.
Овинителството за гонење организиран криминал и корупција по едногодишна истражна постапка не утврдило дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставале на товар, ниту дека постои друго кривично дело што се гони по службена должност.Предметот опфаќаше сомнежи за злоупотреби при јавни повици, незаконито склучување договори и анекси, како и перење пари во набавките на мазут спроведени во услови на енергетска криза. Обвинителството наведе дека во постапката биле анализирани финансиски и договорни документи, вешт наод и искази од сведоци, претставници на ЕСМ, ТЕЦ Неготино и економски оператори со лиценца за трговија со мазут.