Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие – приведени шестмина


Министерство за внатрешни работи информираше дека во последното деноноќие биле регистрирани седум случаи на семејно насилство, при што шест лица биле лишени од слобода.

Во еден од случаите, вчера околу 04.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 33-годишен жител на општина Чучер-Сандево, откако неговата сопруга пријавила дека физички ја нападнал во семејниот дом.

Во Куманово бил уапсен 42-годишен маж по пријава од неговиот 85-годишен дедо, кој тврдел дека бил физички нападнат по семејна расправија во село во општина Старо Нагоричане.

Утринава во Куманово биле приведени и две сестри, на возраст од 43 и 20 години, поради сомнение дека физички ја нападнале сопругата на нивниот починат татко.

Во друг случај, 18-годишна девојка од Тетово прку мобилна апликација.

Во Охрид биле приведени двајца мажи, на возраст од 67 годиијавила дека нејзиниот сопруг ѝ упатувал закани прени и жител на Дебар, по пријави за физички напади врз сопруга и вонбрачна партнерка.

Во битолско село, полицијата привела 50-годишен маж поради агресивно и недолично однесување. Подоцна неговата сопруга пријавила дека ѝ се заканувал и физички ја нападнал нивната малолетна ќерка.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи и најавија соодветни пријави против сторителите по нивното целосно документирање.