Со тврд предмет нападнал негов 16- годишен врсник во Аеродром


Фото: Б. Грданоски

Шеснаесетгодишно момче нападнало врсник со тврд предмет во трговски центар во Аеродром.

Според информациите на МВР, вчера 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и М.Д.(25) од Скопје, кој го бранел нападнатиот малолетник.

Истиот ден и М.Д.(25) од Скопје пријавил во полиција дека во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од 16-годишник, додека бранел друг малолетник.

За настанот е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.