Жена се породила во двор во радовишко, бебето починало
Жена од радовишко село се породила во двор. Новороденчето починато било однесено во штипската болница.
– На 15.05.2026 во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од село Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 часот Ѓ.У. добила породилни болки и се породила во дворот, соопштија од полицијата.
Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.