Сопругот ѕверски ја убил поранешната мис Кристина Јоксимовиќ, а телото го мелел во блендер. Доби доживотен затвор


 

Сопругот на убиената мисица Кристина Јоксимовиќ (38) е осуден на доживотен затвор за убиство и осакатување на нејзиното тело, јавуваат швајцарските медиуми. Марк Рибен (41) дозна за пресудата две години откако ја задави сопругата во нивниот дом во Швајцарија, го распарчил нејзиното тело и ја сомлел во блендер.

Според „Баслер цајтунг“, условната слобода нема да се разгледува додека не помине 15 години затвор.

Семејството на Кристина, кое ја чекаше пресудата во судницата, изрази олеснување по изрекувањето на казната. Децата на убиената мисица ќе добијат 100.000 франци отштета, како и нејзината мајка. Таткото на Кристина, кој го пронајде телото на својата ќерка во февруари 2024 година, ќе добие 120.000 франци, а нејзината сестра 60.000 франци. Обвинителката Евели Керн го опиша убиството на мисицата како еден од „најгрозоморните и најшокантните случаи на фемицид во Швајцарија“.

Убиецот ја слушал пресудата мирно, без солзи или емоции, објави „Баслер цајтунг“. Доживотните казни се ретки во Швајцарија. Пред Рибен, таква казна беше изречена во случајот на четирикратен убиец во 2018 година.

Марк Рибен тврдеше дека убиството било самоодбрана бидејќи неговата сопруга, рече тој, одеднаш го нападнала со нож откако ескалирала расправијата околу нивниот претстоен развод. Но, форензичките наоди не ги поткрепуваа неговите тврдења. Обвинението го товареше за намерно давење на мајката на неговите две деца, по што го распарчил телото за да ги прикрие доказите.

Делови од телото биле исечкани и растворени во хемиски раствор, објавија медиумите во тоа време, а за време на истрагата се појавиле „конкретни индикации за ментална болест“. Обдукцијата покажала дека жената претрпела траума од тап предмет, посекотини на лицето и бројни модринки на нозете и задниот дел од главата.

Убиецот потекнува од богато семејство. На почетокот на судењето, тој сакаше да го покаже своето каење нудејќи им 100.000 франци на ожалостените.