Уапсени тројца што планирале платено убиство
Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, каде полицијата при рација открила арсенал оружје и специфична тактичка опрема. Меѓу запленетите предмети се пиштол марка „CZ“ со целосна рамка, воен нож, како и црна тактичка униформа. Истрагата потврди дека С. М. ја преминал границата нелегално, а кај него била пронајдена и српска лична карта на друго лице, која ја користел за лажен идентитет.
Од македонската полиција велат дека дојавата дошла од АНБ, а акцијата ја водел обвинител од организиарн криминал.
„По добиени судски наредби извршени се претреси на неколку локации во Скопје, при што се пронајдени дрога, пари и мобилни телефони, а лишени се од слобода три лица, од кои двајца српски државјани и еден македонски државјанин. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштуваат од МВР
Оперативните сознанија укажуваат дека станува збор за организирана криминална група која во Скопје имала конкретна задача – да изврши ликвидација. Истражните органи работат на идентификување на потенцијалната цел, како и на лицата кои му пружиле логистичка поддршка на осомничениот за време на неговиот престој во Македонија.