Се обиделе со трактор да прегазат две лица кои ги затекнале како крадат дрва


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од село Црник, општина Пехчево.

Како што се наведува полицискиот билтен, тројцата соселани од Пехчево добиле кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, односно се обиделе да прегазат две лица со трактор, откако биле затекнати при бесправна сеча на дрва.

Имено, на 06.05.2026 на место викано „Турски гробишта“, пријавените со земјоделска машина-трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумско подрачно стопанство „Равна река“, кои ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва.