Пожар во тетовско училиште, шестмина вработени завршиле во болница


Шестмина вработени побарале лекарска помош откако вдишале чад при гаснење пожар во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово.

Пожарот избувнал вчера околу 9:50 часот во една кабина од машкиот тоалет. Вработените успеале сами да го изгаснат огнот со противпожарни апарати и хидранти, пред да се прошири во другите простории.

„При гасењето, поради вдишување чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово за укажување лекарска помош“, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот.

Случајот повторно го отвора прашањето за безбедноста во училиштата, противпожарната заштита и брзата реакција во вакви ситуации, особено кога пожар избувнува во објект во кој секојдневно престојуваат ученици и вработени.

Овој објект, кој воедно е и Регионален центар центар за струќно образование беше обновен и пуштен во употреба пред само два месеца.

Обновен Регионалниот центар за стручно – образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово