Гостиварка „дивеела“ во домот: Го натепала сопругот, му го скршила телефонот и дел од покуќнината
Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 12:40 часот лишиле од слобода 40-годишна жена од гостиварско село.
-Полицијата постапи по претходна пријава од нејзиниот 52-годишен сопруг дека околу 07:30 часот, по кратка расправија во семејната куќа, физички го нападнала, при што искршила дел од покуќнината и му го оштетила мобилниот телефон, информираат од СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.