Љупчо Николовски на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор


Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во владата на СДСМ и ДУИ, Љупчо Николовски пред неколку дена, поточно на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор, потврдија од МВР објавија повеќе медиуми.

Од МВР информираа дека Николовски бил повикан минатата недела, на 7 мај, во Единицата за економски криминал и корупција. Во тек се дополнителни активности поврзани со случајот.

Според информациите, Николовски е осомничен за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер за повеќе од 800.000 евра, спротивно на Законот за јавни набавки. Тој дал исказ, откако наводно го пријавиле земјоделци кои тврдат дека се оштетени за исплати од Министерството.

Ова се случува неполн месец откако премиерот Христијан Мицкоски рече дека имал „чувство“ дека наскоро за корупција ќе се гонат поранешни функционери.

Дел од медиумите објавија и дека поранешниот министер и вицепремиер Николовски пред истражните органи посочил оти тој постапувал согласно владина уредба со која му било дадено дискреционо право да одлучува на кои земјоделци можат да им се доделат парите од програма на Министерството за земјоделство.ијални детали за случајот.