Нафтата поевтини


На меѓународните берзи денеска барел нафта се тргуваше за помалку од 107 долари. Намалувањето на цената на нафтата се должи на пораките од САД за брзо завршување на војната со Иран и поминувањето на супертанкер низ Ормуска Теснина. На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше за 106,84 долари, што е за 4,44 долари […]

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци


Затворањето на Ормуската Теснина би можело да предизвика сериозна светска криза со цените на храната во наредните шест до 12 месеци доколку владите итно не преземат мерки, предупреди денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). ФАО наведе дека одлуките што сега ги носат земјоделците и владите за употребата на ѓубрива, увозот, финансирањето […]

„Волво“ најави нов тренд: Време е да се врати караванот


Во САД, Ford Explorer е главниот виновник, додека во Европа Toyota RAV4 и Honda CR-V ја завршија работата. Погодивте, зборуваме за манијата по SUV возила. Таквата промена во вкусот на клиентите полека доведе до исчезнување на караванот. Штета, бидејќи караваните се токму она што многу возачи всушност би требало да го посакаат. Иако повеќето купувачи […]

Лигата на нациите ќе има три лиги


Извршниот комитет на УЕФА на состанокот во Истанбул донесе неколку важни одлуки пред сè за машките репрезентативни натпреварувања од 2028 година. По многуте анализи на постоечките системи потврден е новиот систем, кој ќе стапи на сила по Европското првенство во 2028 година. Лигата на нациите од сезоната 2028/29 нема да има четири лиги, туку три […]

20 мај во историјата – Потпишана е Крфската декларација врз која е создадена Југославија


  Крфската декларација, потпишана на 20 јули 1917 година на островот Крф, е клучен документ во историјата на создавањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна познато како Југославија. Овој политички договор помеѓу владата на Кралството Србија и Југословенскиот комитет означи важен чекор кон обединувањето на јужнословенските народи по Првата светска војна. Декларацијата беше […]

Меидани не е протеран, но добил укор од МНР


Устен демарш му бил упатен денеска на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија, Денион Меидани, кој бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.158 На средбата присуствувал неговиот заменик и нему му бил упатен устниот демарш во врска со несоодветните изјави на амбасадорот во јавноста, во изминатиот период, […]

Гаши за ЕУ: Во трка сме со времето, се плашам дека ќе го изгубиме!


  Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на трибина организирана од Европското движење, порача дека сме во трка со времето околу членството во ЕУ и се плаши – дека ќе го изгубиме. Според Гаши, нема никаква корист од изнаоѓање виновници околу блокадата на евроинтеграцијата и тој преферира да најдеме пат, т.е. решение и да стигнеме до […]

НАСА сака да постави ласери во најтемните кратери на Месечината


Научниците предложија необичен план за идните мисии на Месечината: да се постават екстремно стабилни ласерски системи во најтемните и најстудените кратери на нејзината површина за да им се овозможи на вселенските летала да се движат и да го мерат времето попрецизно. Идејата ја презентираат истражувачи од Лабораторијата за млазен погон на НАСА и Националниот институт […]

Трамп и Нетанјаху планирале на чело на Иран да го донесат омразениот Ахмадинеџад. Планот се распадна


  Додека официјален Вашингтон и Ерусалим тврдат дека целта на војната против Иран била ограничена на уништување на нуклеарните и воените капацитети на Техеран, нов извештај на „Њујорк тајмс“ открива дека наводно зад сцената се разработувал многу поамбициозен план. Според американските претставници запознаени со операцијата, Израел и САД ја разгледале можноста за соборување на иранскиот […]

Обединетите нации проценуваат дека 15.850 луѓе се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија


Обединетите нации соопштија дека 15.850 луѓе, вклучувајќи 791 деца, се убиени во Украина откако Русија ја нападна соседната земја во февруари 2022 година. Директорката на Одделот за политички и мировни прашања (DPPA) на ОН за Европа и Централна Азија, Кајоко Готох, му рече на Советот за безбедност на ОН дека вистинските бројки веројатно се повисоки. […]

Софија со црвен килим и еуфорија ја пречека Дара, победничката на Евросонг


Софија – Со црвен килим од 60 метри, еуфорија и река народ како што не памти одамна Софија, граѓаните од цела Бугарија ја пречекаа и славеа со Дара, победничката на 70. Евросонг, која со песната „Бангаранга“ ја зарази цела Европа. Тоа беше првата победа на Бугарија на натпреварот, откако дебитираше во 2005 година. Бугарија се […]

Ученик во средно училиште нападнат од врсници, подолг период бил малтретиран


Во Аеродром бил пријавен физички напад врз 18-годишно момче, кое, според пријавата, подолг период било вознемирувано од врсници во средното училиште каде што учело. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, Д.Т.(66) од Скопје пријавил дека неговиот син К.Т.(18) на 14 мај околу 11:10 часот бил физички нападнат од Р.А.(18) од Трубарево и уште еден […]

М6 Едукативен центар со нов регионален центар во Кавадарци


М6 Едукативен центар свечено го отвори својот нов регионален центар во Кавадарци кој претставува современ простор за учење, професионален развој, вмрежување и соработка помеѓу бизнис-заедницата, образовните институции и младите од Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Новите простории во Кавадарци се замислени како регионален едукативен и развоен хаб, наменет за реализација на професионални обуки, лидерски програми, настани, […]

„Балкан експлорер“ – луксузен воз што ги воодушеви Европа и Балканот


Сараево – Низ Европа деновиве помина воз што потсетува на златната ера на легендарниот „Ориент експрес“, а неговото појавување низ балканските градови привлече големо внимание кај граѓаните и туристите. Станува збор за луксузниот „Балкан експлорер“, воз кој нуди уникатно искуство низ Југоисточна Европа, со ентериер и услуга што потсетува на хотел со пет ѕвезди. Заборавете на […]

Хаос по Евросонг : Белгија се повлекува, директорот на молдавската ТВ даде оставка


И по завршувањето на 79. издание на Евросонг викендов во Виена, хаосот околу престижниот музички натпревар, продолжува.  Белгија објави дека би можела да стане шестата земја што се повлекува од Евровизискиот натпревар поради учеството на Израел. Пред овогодинешниот натпревар, пет национални радиодифузери веќе го објавија своето повлекување во знак на протест против одлуката да му се […]

Полските министри бегалци избегаа и од Унгарија. Таму остана само Никола Груевски


  Поранешниот полски заменик-министер за правда Марчин Романовски, кој е обвинет во Полска за проневера на јавни средства, можеби ја напуштил Унгарија преку Србија, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар во интервју објавено на полскиот приватен канал ТВН24. Маѓар е во дводневна посета на Полска, а прашањето како поранешниот полски министер за правда Збигњев Зиобро и […]

Ниту ВЛЕН ниту Владата не барале повлекување на амбасадорот на Албанија


ВЛЕН, но и Владата на Македонија, во ниту еден момент немале какво било барање до албанската држава за повлекување на амбасадорот, изјави денес Билал Касами од на прашањето дали било побарано заминување на амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Меидани. Касами рече дека за ова прашање одлучува албанската држава, но ја критикуваше работата на Меидани. […]

Фон дер Лајен: Единствениот пазар мора да се прилагоди на вештачката интелигенција и геополитичките предизвици


 Единствениот пазар на Европската Унија треба да се прилагоди на предизвиците на денешницата – трката во развојот на вештачката интелигенција, итните климатски акции и геополитичкиот натпревар – изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент. – Единствениот пазар останува нашата најефикасна алатка, не само за просперитет, туку и за стратешко […]

„Граѓаните на Центар знаат како да казнат лоши политики“: Петиција против новиот Ценовник на ПОЦ


На Фејсбук страницата „За пристоен Капиштец“ беше споделена објава која што беше адресирана до градоначалникот на Општина Центар, Управниот и Надзорниот одбор на ПОЦ, и до советници на Општина Центар. Во објавата беше споделена фотографија од Петиција на која што се собираат потписи во врска со новиот Ценовник на ПОЦ, а се порачува дека граѓаните на […]

ЕУ од денес воведува нови правила за Аирбнб и Букинг


Европската унија од денес воведува нови правила за дигиталните платформи за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, во обид да внесе поголем ред и транспарентност во секторот кој силно порасна во последните години, но во исто време го зголеми притисокот врз домувањето и локалната инфраструктура во многу туристички дестинации. Станува збор е Регулативата (ЕУ) 2024/1028, која Европскиот […]