Ниту ВЛЕН ниту Владата не барале повлекување на амбасадорот на Албанија


ВЛЕН, но и Владата на Македонија, во ниту еден момент немале какво било барање до албанската држава за повлекување на амбасадорот, изјави денес Билал Касами од на прашањето дали било побарано заминување на амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Меидани.
Касами рече дека за ова прашање одлучува албанската држава, но ја критикуваше работата на Меидани.

„Ние би сакале тој повеќе да ги претставува граѓаните, односно да ги штити правата на албанските граѓани во Македонија, повеќе отколку некои политички групации, што за жал се забележува. Но, сепак, тоа е работа и ангажман што треба да го оцени албанската држава“, рече Касами.

Албанската телевизија А2 објави дека амбасадорот на Албанија во земјава, Денјон Мејдани, би можел предвреме да ја заврши својата дипломатска мисија во Скопје и да биде отповикан, повикувајќи се на извори од Скопје и од албанското Министерство за надворешни работи.Според информациите на медиумот, причините за евентуалното повлекување се поврзуваат со незадоволство во владејачката коалиција, односно во ВМРО-ДПМНЕ и во Вреди поради ставовите на Мејдани во дебатите околу прашањето со употребата на албанскиот јазик во Македонија.Телевизијата потсети дека Мејдани јавно покажал поддршка за студентите Албанци кои бараат можност да полагаат правосуден испит на албански јазик.

Претходно и од Тирана соопштија дека информацијата за повлекувањето е без основа и не вреди да се коментира.Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија соопшти дека „коментарите и медиумското известување не ја одразуваат реалноста, а уште помалку институционалниот процес што се следи во вакви случаи.
Особено, претпоставките или толкувањата презентирани како факти се целосно неосновани и не заслужуваат понатамошно внимание“.
Иако веста испаѓа дека е неточна повеќе новинари од Македонија се затрчаа да му дадат поддршка на амвасадорот кој ги бранел правата на Албанците во земјата, иако повеќето коментари беа дека се ставил во функција на ДУИ.