Меидани не е протеран, но добил укор од МНР


Фото: Б. Грданоски

Устен демарш му бил упатен денеска на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија, Денион Меидани, кој бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.158

На средбата присуствувал неговиот заменик и нему му бил упатен устниот демарш во врска со несоодветните изјави на амбасадорот во јавноста, во изминатиот период, коишто се движат на границата меѓу вообичаената и легитимна дипломатска комуникација и потенцијално мешање во внатрешните работи во земјата на акредитација.

На средбата било нагласено дека во иднина е потребно јавните настапи и изјави да бидат во духот на одличните пријателски односи и меѓусебното почитување меѓу двете земји, како и согласно вообичаените дипломатски стандарди и практики.