Општина Аеродром почна кампања за зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар


Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Градски паркинг“ започна кампања за информирање на граѓаните за бенефитите од зонското паркирање кое треба да се имплементира во населбата Ново Лисиче и Реонски центар. Паралелно со информативна кампања се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за предлог иницијативата за …

Општина Аеродром почна кампања за зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар Read More »

Зонско и во Стар Аеродром – најава и за Ново Лисиче


На иницијатива и барање на граѓаните од населбата Стар Аеродром и во соработка на Општината и ЈП „Градски паркинг“, донесена е одлука за обезбедување на бесплатно зонско паркирање на граѓаните кои живеат во оваа населба, соопштија денеска од општината. Станува збор за одлука која ги опфаќа жителите на улиците „Пандил Шишков“, „Фрањо Клуз“, „Ангел Димовски“, …

Зонско и во Стар Аеродром – најава и за Ново Лисиче Read More »

Зонското паркирање во Аеродром, во втората фаза и Ново Лисиче и Реонски центар


По барање на граѓаните, а како резултат на заложбите на општината за воведување ред во паркирањето и сообраќајот, по надминување на административните пречки, вчера во Општина Аеродром започна реализацијата на проектот „Зонско паркирање“ кој ќе се реализира во две фази и се очекува да заврши до крајот на годината. Првата фаза ги опфаќа формирање и …

Зонското паркирање во Аеродром, во втората фаза и Ново Лисиче и Реонски центар Read More »

Без вода Реонски центар во Ново Лисиче


Поради дефект на затворач на бул. „Видое Смилевски Бато“ бб (во близина на маркет Рептил), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Реонски центар (висока зона) во населба Ново Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до санација на дефектот.

Двајца скопјани нападнати од седуммина во Ново Лисиче, тие пак, агресивни кон полицајците


Двајца скопјани физички нападнати од седум лица во Ново Лисиче.  На 23.11.2022 околу 23.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(39) и Ж.М.(39), двајцата од Скопје, пријавиле дека пред угостителски објект на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје биле физички нападнати од седум лица. Полициски службеници излегле на местото и притоа Д.М. и Ж.М. агресивно се однесувале …

Двајца скопјани нападнати од седуммина во Ново Лисиче, тие пак, агресивни кон полицајците Read More »

Како Ново Лисиче ја слави Голема Богородица (Галерија)


Пред повеќе од петнаесет години во Ново Лисиче, направено е мало црквиче, меѓу, популарно наречените, трите кули, посветено на Голема Богородица. Од тогаш, секоја година, новолисичани на овој голем црковен празник се собираат околу црквичето, а се прави и голема прослава. Реки народ се слеваат кон малото црквиче, палат свеќа, се прекрстуваат, купуваат и палат …

Како Ново Лисиче ја слави Голема Богородица (Галерија) Read More »

Ќе се обновува спортскиот комплекс „Пирин“ во Лисиче


Советниците на Град Скопје денеска го изгласа новиот Регулациски план за Ново Лисиче, Лисиче и Реонски Центар, кој предвидува обновување на спортскиот комплекс „Пирин“ во населбата Лисиче, но овозможува и на местото за најмалку шест згради да никнат паркови.  Како што појаснија од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со овој Регулациски план „имаме нова визија за …

Ќе се обновува спортскиот комплекс „Пирин“ во Лисиче Read More »

(ФОТО) Порше заврши со речиси откинато тркало во сообраќајка кај ПСС во Ново Лисиче


Вечерва нешто пред 20 часот во скопски Аеродром се случи сообраќајка откако автомобил „порше“ според неофицијални информации најверојатно излетал од патот, по што завршил со материјална штета, односно, со речиси откинато тркало. За среќа нема повредени во несреќата. На местото се насобраа голем број на граѓани, а полицијата врши увид.

Денеска без вода Аеродром и Ново Лисиче


Поради промена на шибер во пумпната станица во припор, корисниците од Аеродром и Ново Лисие, денеска ќе останат без вода од 9.30 часот, информираат од „Водовод и канализација“ Скопје. – Ве известуваме дека на ден 01.04.2022 поради промена на шибер Ф-300 мм над Пумпена станица Припор, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Аеродром и …

Денеска без вода Аеродром и Ново Лисиче Read More »

Aсфалтирани патеките на булеварот „Видое Смилевски Бато“


Екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје денес завршуваат со асфалтирањето на велосипедската и пешачка патека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ спроти маркетот „Жито“, во општина Аеродром во насока од булеварот „Февруарски поход“ кон булевар „Србија“. На вкупна должина од 800м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти. …

Aсфалтирани патеките на булеварот „Видое Смилевски Бато“ Read More »

Без вода дел од населбата Ново Лисиче


Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 милиметри на булевар „Видое Смилевски Бато“ број 15 прекин во водоснабдувањето имаат корисниците на ниска зона на овој булевар од броевите 1 до 55 во населбата Ново Лисиче. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 15:15 часот и ќе трае до …

Без вода дел од населбата Ново Лисиче Read More »

Се градат нова велосипедска и пешачка патека на булеварот „Видое Смилевски Бато“


По налог на Град Скопје, екипи на ЈП „Улици и патишта“ денеска почнаа со изградба на нова велосипедска и пешачка патека на северната страна на булеварот „Видое Смилевски Бато“, на потегот од булеварот „Февруарски поход“ до булеварот „Србија“, во вкупна должина од 500 метри.  Истовремено ќе се работи и на развивање на велосипедската мрежа кон …

Се градат нова велосипедска и пешачка патека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ Read More »

Нова пешачка патека во ново Лисиче


Нова пешачка патека се гради покрај булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во населбата Ново Лисиче, спроти трговскиот центар „Лиса“. Општина Аеродром патеката ја прави по барање на околните жители, кои со години наназад го газат постојниот тревник и на тој начин создале див скратен премин. Патеката е во должина од околу 30-ина метри и е од павер …

Нова пешачка патека во ново Лисиче Read More »

Без вода булевар „Видое Смилевски Бато“


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-220мм на бул. „Видое Смилевски Бато“ бб. до Рептил маркетот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од овој булевар со скопската населба Ново Лисиче   Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10.40 часот до завршување на дефектот.

Трговскиот центар во Лисиче добива ново осветлување


Трговскиот центар во населбата Лисиче деновиве ќе добие целосно ново осветлување. Старите и дотраени светилки ќе се заменат со нови 108 лед-рефлектори и светилки, кои се и енергетски поефикасни. Општина Аеродром за новото осветлување издвои околу 2 милиона и 200 илјади денари.

ОЈО Скопје изврши увид на местото на сообраќајката во Ново Лисиче


Дежурен јавен обвинител синоќа изврши увид на местото на тешката сообраќајна незгода на булеварот „Србија” во Скопје, во која беа повредени три лица. Несреќата се случила кога на тројцата пешаци – возрасни маж и жена и нивната тригодишна внука налетало товарно моторно возило „Пежо Партнер” со велешки регистерски ознаки. Поради сериозноста на повредите, жената и …

ОЈО Скопје изврши увид на местото на сообраќајката во Ново Лисиче Read More »

Сообраќајката во Ново Лисиче заврши со смрт


Бабата која синоќа со своето тригодишно внуче беше тешко повредена во сообраќајка што се случи на булевар „Србија“ во Ново Лисиче, два и пол часа по несреќата починала на Клиника. Тригодишното дете кое исто така беше повредено се наоѓа на клиничкиот центар. Несреќата се случи синоќа околу 20 часот, кога комбе со велешки регистерски таблици …

Сообраќајката во Ново Лисиче заврши со смрт Read More »

Моторциклист загина во Ново Лисиче


Утрово околу 7 часот загина моторциклист во скопската населба Ново Лисиче, објавуваат граѓани на Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам. Сообраќајката се случила пред црквата во Ново Лисиче, на крстосницата од булеварите „АВНОЈ“ и „Србија“. Во сообраќајката учествувало и возило марка „Мицубиши“ со скопски регистарски таблици. Од МВР потврдуваат дека е случена сообраќајна несреќа, но …

Моторциклист загина во Ново Лисиче Read More »

Изгоре куќа во пожар во Ново Лисиче, нема повредени


Во пожарот кој синоќа избувна во скопската населба Ново Лисиче целосно е опожарена една куќа и дел од соседната куќа. Нема повредени лица. Министерството за внатрешни работи соопшти дека целосно е изгорена двокатната куќа на Б.Џ. (59), како и покривот и дел од инвентарот на приземјето на соседната куќа, сопственост на С.А. (46). Пожарот е …

Изгоре куќа во пожар во Ново Лисиче, нема повредени Read More »

Анима Мунди: Нападите се од расно куче, одговорни се сопствениците


Здружението за заштита на животните Анима Мунди во реакцијата по повод синоќешниот случај на неколку напади врз шест лица, меѓу кои и деца од страна на куче – скитник во Аеродром наведува дека станува збор за расно куче. „Вината за овој настан е во неодговорните сопственици, во оние кои кучето го воспитале и научиле да …

Анима Мунди: Нападите се од расно куче, одговорни се сопствениците Read More »