Ви го откриваме најдобриот рецепт за маринада која и најтврдото месо го прави меко


Научете како да подготвите и евтиното месо+ да испадне меко.

Во Македонија не можете да замислите ручек без месо, но не секој има пари да си дозволи квалитетно месо. Поради оваа причина, на менито често се наоѓа пилешко, кое е здраво и лесно се подготвува, но луѓето копнеат за други видови месо. На крајот на месецот сите кубурат со пари, а наместо да купувате скапо месо, можете да купите и поевтино месо, а ние ќе ви кажеме како да го подготвите за да не биде само вкусно, туку и меко како душа .

Се што треба да направите е да подготвите добра маринада, а тоа ќе го постигнете на следниот начин. Повеќето луѓе веќе ги имаат состојките дома, поточно масло, сенф, лимон, лук и зачини по желба. Во сад измешајте шест лажици масло и три лажици сок од лимон. Сето тоа убаво измешајте, па додадете една лажица сенф, па шест чешниња лук кои претходно ситно сте ги исецкале и на крај додадете ги зачините. Можете да користите свеж или сушен. Оваа количина маринада е доволна за килограм месо, а ако користите повеќе, само зголемете ги состојките.

Важно е да запомните дека не треба да додавате сол во оваа маринада, бидејќи така месото ќе биде суво. Покријте го месото со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да се маринира 3 часа. После тоа подгответе го по желба.