Моторциклист загина во Ново Лисиче


Утрово околу 7 часот загина моторциклист во скопската населба Ново Лисиче, објавуваат граѓани на Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам. Сообраќајката се случила пред црквата во Ново Лисиче, на крстосницата од булеварите „АВНОЈ“ и „Србија“. Во сообраќајката учествувало и возило марка „Мицубиши“ со скопски регистарски таблици.

Од МВР потврдуваат дека е случена сообраќајна несреќа, но повеќе информации ќе соопштат во текот на денот.