Нова пешачка патека во ново Лисиче


Нова пешачка патека се гради покрај булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во населбата Ново Лисиче, спроти трговскиот центар „Лиса“.

Општина Аеродром патеката ја прави по барање на околните жители, кои со години наназад го газат постојниот тревник и на тој начин создале див скратен премин. Патеката е во должина од околу 30-ина метри и е од павер елементи.

На овој начин се создаваат услови за полесно и побезбедно движење на пешаците, а истовремено се зачувува на зеленилото и здравата животна средина.