Изгоре куќа во пожар во Ново Лисиче, нема повредени


Во пожарот кој синоќа избувна во скопската населба Ново Лисиче целосно е опожарена една куќа и дел од соседната куќа. Нема повредени лица.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека целосно е изгорена двокатната куќа на Б.Џ. (59), како и покривот и дел од инвентарот на приземјето на соседната куќа, сопственост на С.А. (46).

Пожарот е целосно изгаснат во 00:10 часот од страна на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје која интервенирала со седум возила и 21 пожарникар.

Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување.

Пожарот избувна синоќа околу 22 часот на улицата „Михаил Глинка“ во населбата Ново Лисиче.