ДУИ реагира на лажните вести околу здравствената ситуација


Демократската унија за интеграција реагира на, како што оценува, бескрупулозна кампања на лажни вести и пропаганда околу здравствената ситуација, начелно во платформите на социјалните мрежи и електронските медиуми.

-Приливот на дезинформации, лажните вести и пропагандата резултираа со медиумска инфодемија и контролирање на јавниот дискурс што ја загрозува кредибилноста на напорите за надминување на пандемијата, но и погрешно ги информира граѓаните.

Им изразуваме признание на кредибилните медиуми за сериозноста и ги покануваме да ни се придружат во пријавувањето и спречувањето на инфодемијата, додека политичките партии да се воздржат од пропаганда и тенденции на политизирање на пандемијата.

Граѓаните треба да внимаваат на изворот на информацијата и да ја проверат со институционални извори секоја сомнителна информација во врска со нивното здравје и рестриктивните  заштитни мерки, стои во реакцијата на ДУИ.