Без вода Реонски центар во Ново Лисиче


Поради дефект на затворач на бул. „Видое Смилевски Бато“ бб (во близина на маркет Рептил), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Реонски центар (висока зона) во населба Ново Лисиче.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до санација на дефектот.