(ФОТО) Порше заврши со речиси откинато тркало во сообраќајка кај ПСС во Ново Лисиче


Вечерва нешто пред 20 часот во скопски Аеродром се случи сообраќајка откако автомобил „порше“ според неофицијални информации најверојатно излетал од патот, по што завршил со материјална штета, односно, со речиси откинато тркало.

За среќа нема повредени во несреќата.

На местото се насобраа голем број на граѓани, а полицијата врши увид.