Без вода дел од населбата Ново Лисиче


Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 милиметри на булевар „Видое Смилевски Бато“ број 15 прекин во водоснабдувањето имаат корисниците на ниска зона на овој булевар од броевите 1 до 55 во населбата Ново Лисиче.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 15:15 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.