Како Ново Лисиче ја слави Голема Богородица (Галерија)


Пред повеќе од петнаесет години во Ново Лисиче, направено е мало црквиче, меѓу, популарно наречените, трите кули, посветено на Голема Богородица.

Од тогаш, секоја година, новолисичани на овој голем црковен празник се собираат околу црквичето, а се прави и голема прослава.

Реки народ се слеваат кон малото црквиче, палат свеќа, се прекрстуваат, купуваат и палат свеќи за здравје, а можат да каснат и нафора. Секако, може да се земе и света вода. 

Откако ќе ги направат сите црковни адети, се упатуваат кон големата сенародна прослава, Попатно можат да купат скара, затоа што постите се завршени, па се сладат со плескавици, колбаси, батаци и слично. Ќе купат и сок или пиво и се придружуваат на големата прослава проследена со музика во живо. Се свират македонски народни песни, па луѓето се фаќаат на оро на стадионот осветлен од рефлектори и послан со трева. 

По околните клупи седат постари луѓе со нивните внуци. Наоколу се шетаат родители со мали деца. Сите се весели и насмеани. Си го честаат големиот празник и посакуваат тој да се слави уште многу години. Прославата трае најмалку до полноќ, а гласната музика никому не смета. 

Ваквото славење на Голема Богородица има заднина. Имено, од трите кули, во неколку години, луѓе се фрлаа од повисоките катови одземајќи си го животот. За да прекине таа трагедија, новолисичани ја изградија црквичката, која е одлично декорирана и е блиску до многу мештани, па е редовно посетувана. 

Погледнете како беше вечерва за Голема Богородица во Ново Лисиче.